КАМ маркет, еден од најголемите трговски ланци во земјава, најавија исплата на регрес за годишен одмор (или популарниот К 15) за 2022 година во висина од 33.000 денари. Со ова отворена е сезоната на исплата на надоместокот кој е законска обврска за приватните компании. Исплатата треба да биде извршена во период од 01 јули до крајот на 2022 година. Сумата што годинава ја исплаќа трговскиот ланец е над 100 отсто од просечната плата во земјава, а законската обврска е 40 отсто од просекот на државно ниво во последните три месеци или околу 12.500 денари.
Се уште има работници кои мора да ги вратат парите
Обврската за исплата на регрес за годишен одмор во приватниот сектор важи од 2013 година, но по измените на Колективниот договор во 2015 беше овозможено работодавачите кои ќе пријават тешкотии при работењето да исплатат и помала сума од таа предвидена со колективниот договор.
После оваа измена, извештаите на синдикатите и другите организации покажаа дека некои од фирмите исплаќале К15 во висина од 100 денари. А и натаму има газди кои бараат работниците да им ги вратат парите.
„Како резултат на ова, многу често работодавачите исплаќаат незначителни износи на име регрес за годишен одмор, за што говорат и документираните случаи на Хелсиншкиот комитет, во кои работодавачите неретко исплаќаат 1000, 500, па дури и 100 денари регрес за годишен одмор. Околу 7 отсто од сите случаи на повреди на работнички права пријавени до Хелсиншкиот комитет за човекови права се однесуваат токму на случаите поврзани со исплаќањето на регресот за годишен одмор“, се наведува во извештај на Хелсиншкиот комитет за човекови права“.
Во текот на 2020 Сојузот на синдикаати на Македонија пријавил стотина работодавачи за несиплата на регресот. Казните за тие што не исплатиле се движат до 4000 евра, а за газдите кои бараат парите да им бидат вратени предвидена е и кривична одговорност и затворска казна.
Но, искуството покажува дека по контролата на Државниот инспекторат за труд (ДИТ), газдите сепак, ги исплаќаат парите.
Статистиката за 2020 година покажува дека ДИТ изготвил 191 решение, од нив 161 се опомени, а 30 наредби за исплата. 131 работодавач веднаш исплатиле регрес. 30 не постапиле по решението и добиле наредби, за двајца работодавачи по ова била изречена парична казна.
Искуства во регионот
Во Србија законска основа за исплата на регрес има, но сумата ја одредува комапнијата. Во истражувањето на српската редакција на Bloomberg Adria, 40 компании биле прашани колкав ќе биде износот што ќе го исплатат на работницитее. Одговориле само четири.
Компанијата Јетел ќе исплати 715 евра по вработен, HBIS односно железарницата во Смедерево 636 евра. Кока Кола ќе исплати околу 350 евра за 12 рати, а српската пошта скромни 145 евра по вработен.
Во Словенија, исто како и во земјава, сумата е законски регулирана и зависи од проосечната плата исплатена на државно ниво, во моментов к15 во оваа земја не смее да биде понизок од 1.074 евра по вработен.
Во соработка со : Хана Стевовиќ, Bloomberg Adria, Србија