Време за нови лекови. Производството на нови иновативни лекови зема замав, по лековите за слабеење кои се повеќе го привлекуваат вниманието на јавноста, следува и лек кој ќе има нов начин на дејствување против воспаление на цревата. Компаниите се повеќе вложуваат во откривање на нови лекови.
Добро утро! Ова се петте вести што треба да ги знаете на почетокот од денот.
Колку се слабее од лековите што свртеа економии, а ги бараат и Македонци
Вегови“ и „тирзепатид“ не се првите лекови на овие две компании што се користат за слабеење.„Ново Нордиск“ го има лекот „оземпик“, кој го користат дијабетичарите и кој го има и на нашиот пазар. Овие лекови можат да се користат и како лекови за слабеење. Доказ за тоа е фактот дека „оземпик“, кој во домашните аптеки се продава по цена од над 5.000 денари, честопати го снемува од рафтовите.
Досегашните испитувања за делотворноста на лековите не покажуваат дека ќе се случи успех прекуноќ, туку напротив, ниту, пак, дека тежината нема да се врати по завршувањето на скапата терапија. Овие инјекции чинат од 10 до 13 илјади долари годишно.
„Рош“ дава седум милијарди долари за да се развие лек против воспаление на цревата
Воспалително заболување на цревата е група на хронични гастроинтестинални нарушувања кои погодуваат речиси осум милиони луѓе ширум светот и 80 отсто од нив не можат да најдат постојана терапија.
Терапијата со антитела развиена од „ Телавант “, инаку во сопственост на „Роивант“ и „Фајзер“, има нов начин на дејствување што ги таргетира воспаленијата и фиброзата, давајќи ѝ потенцијал за употреба во голем број други болести, објави „Рош“. Претходните испитувања покажаа дека лекот, кој може да се користи од дома со инјектирање, може безбедно да го користат пациентите.
Европските банки се натоварени со профити, но се чини дека го губат чекорот
Профитот на банките во Европа порасна со зголемувањето на каматните стапки и веројатно ќе биде на највисоко ниво од финансиската криза оваа година. Со сè помрачните економски прогнози поради геополитичките кризи, фокусот на банкарскиот сектор може да се префрли на притисоци врз маржите и показателите за лоши заеми.
Инвеститорите внимателно ќе ги следат коментарите поврзани со поголема конкуренција во депозитите и хипотеките низ Европа. Имено, главното оружје во борбата против инфлацијата е растот на каматните стапки.
„Коинбејс“ ја избра Ирска како стратешко седиште во ЕУ
Привлечноста на Ирска како центар на „Коинбејс“ е повеќеслојна. Земјата нуди поволно деловно опкружување кое се карактеризира со ниски корпоративни даноци и население што зборува англиски, што го прави природен избор, особено откако финансиското опкружување во Лондон стана неизвесно по Брегзит.
Дизајнот на MiCA му дава на „Коинбејс“ координиран пристап кон огромен пазар од околу 440 милиони потрошувачи и БДП од 16,6 трилиони долари.
„Мајкрософт“ и „Сони“ ќе постигнат најголем напредок со вештачката интелигенција во игрите
Појавата на вештачката интелигенција ѝ нуди на индустријата можност да го ревидира бизнис моделот кој во некои случаи стана преоптоварен и формулаичен. Компаниите за игри, исто така, усвојуваат и развиваат алатки за вештачка интелигенција како одговор на зголемените трошоци и стагнантните цени на производите.
Сепак, влијанието врз издавачите на игри веројатно ќе биде различно. Иако технологијата ќе ги намали трошоците за правење напредни и скапи игри до 15 проценти, исто така ќе ја зголеми конкуренцијата.