Инфлацијата во Србија во јуни достигна 11,9 отсто, објави денеска Републичкиот завод за статистика.
Ова е рекордна инфлација во земјата и затоа се очекува реакција од централната банка која минатата недела ја зголеми референтната камата на 2,75 осто и најави можност за натамошни дополнителни мерки во борба со високата инфлација.
„Не ја исклучуваме можноста да разгледаме други подиректни мерки освен општата мерка за зголемување на основната камата со кои би се реагирало на ценовниот притисок“, велат од Народната банка на Србија. Централната банка не даде подетлани објаснувања кои монетарни инструметни би ги разгледувала.
Базната инфлација која нe ги зема во предвид цените на храната, енергенсите, алкохолот и цигарите, врвот ќе го достигнe во јуни или во јули, кога се очекува таа да биде околу осум отсто, наведоа неодамна од НБС за Bloomberg Adria. Базната инфлација е референтна кога се во прашање монетраните одлуки.
„Во наредните неколку месеци би требало да се движи меѓу седум и осум отсто и потоа да почне постепено да опаѓа. Очекуваме дека ќе се врати во целните границина НБС во втората половина од 2023 година“, велат од централната банка.