Се подготвија ли земјите од регионот Адрија за зимските денови? Каква е состојбата во енергетиката и дали постои ризик од нова криза во регионот ќе можете да прочитате в понеделник, во новата анализа што ја подготви аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“.
Истражуваме дали годинава енергетските компании ќе профитираат, со оглед на тоа што билансите бележат пад споредно со претходната година.
Го анализираме „прозорецот на можности“ понуден од Европската Унија на земјите од Западен Балкан во вредност од шест милијарди евра - за што ќе бидат наменети тие средства и каде ќе се вложуваат. Претседателката на Европската Унија, Урсула фон дер Лајен, ги стави во фокус реформите во деловното опкружување, јавната администрација, јавните финансии и борбата против корупцијата.
Прашуваме и за искуствата од земјите во регионот Адрија како правилно и ефикасно да се искористат европските пари од земјите што веќе се членки на Унијата.
Истражуваме какви можности и развој нудат хеџ-фондовите и прашуваме какви се искуствата во Македонија. Инфлацијата ја зголеми вредноста на парите, во што треба да се вложува сега и дали може да се купи нешто вредно. Анализираме колку инфлацијата ја намали вредноста на 50.000 евра и што вредно може да се купи со толку пари.