Германија размислува да го забрани извозот на лекови за слабеење произведени од компанијата „Ново Нордиск“ (Novo Nordisk) во обид да ги заштити резервите на европскиот пазар во услови на глобален недостиг од лекови.
Имено, навалицата за овие лекови, кои можат да помогнат во губењето на околу 15 проценти од телесната тежина, создава недостиг за пациентите за кои првично бил наменет лекот - лицата со дијабетес.
„Некои пратки на лекови што се поевтини во Германија отколку на други места отидоа во други европски земји и во САД“, рече Карл Броих од германскиот федерален институт за лекови и за медицинска опрема.
Прочитај повеќе
Скокнаа акциите на „Ново Нордиск“, неговиот лек за слабеење е добар и за срцето
Истражување покажа дека „вегови“ го намалува ризикот од срцев удар и смрт кај дебелите луѓе и оние што страдаат од срцеви заболувања.
13.11.2023
„Ново Нордиск“ ќе гради фабрика вредна шест милијарди долари
Компанијата не може да ја задоволи побарувачката за лековите за слабеење
10.11.2023
Што треба да знаете за лековите за слабеење како „оземпик“
Последен пат толкава возбуда за нов лек имаше за „вијагра“, која беше одобрена во 1998 година.
10.11.2023
Од лековите за слабеење се заработува над очекувањата
Над 90 отсто од продажбите на лекови за слабеење се реализирани во САД
05.11.2023
Агенцијата разговара со политичарите за забрана на извозот доколку сегашните напори, кои вклучуваат издигање на свеста за ограничувањата во снабдувањето, не дадат плод.
„Потребен ни е лек за пациентите со дијабетес, а не лек за подобрување на начинот на живот. Гледаме дека се прави промоција преку социјалните мрежи на начин што не е во наш интерес“, вели Броих во интервју за „Шпигел“ (Spiegel).
Германија не е единствената земја од ЕУ што размислува за ограничувања. Неделава Белгија ги заостри правилата за пропишување на „оземпик“ (ozempic) и слични лекови за да ги задржи резервирани за лицата со дијабетес и одредени видови дебелина.
Европските и американските регулатори исто така работат на сузбивање на нелегалната трговија со овие лекови и ја истражуваат евентуалната појава на фалсификувани верзии што можат да му наштетат на здравјето.
Фармацевтската компанија „Ели Лили“ (Eli Lilly&Co.) минатата недела доби одобрение од американските регулатори за сличен лек за слабеење. Броих посочува дека доаѓањето на конкурентските производи треба да го олесни проблемот со снабдувањето.