Какви се трендовите во секторот на електрична опрема во регионот ќе можете да прочитате во понделник во новата анализа што ја подготви аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“.
Истражуваме колку даноци собираат општините во Македонија и колку од нив преживуваат со затворени сметки. По најавата за зголемување на минималната плата во Македонија, анализираме колкави се минималните плати во земјите од регионот Адрија.
Ќе дознаете кои се добитниците и рекордерите на Македонската берза во текот на 2023 година по различни параметри.
Избираме топ десет автомобили чија цена се движи до 20.000 евра, како и топ автомобили за менаџери чија вредност достигнува до 50.000 евра.
Истражуваме и што значи дефектот на моторите „ПиВ“ (P&W), кои најчесто се инсталирани во авионите А320Нео за глобалната авијација и зошто „Виз ер“ (Wizz Air) ќе биде меѓу авиокомпаниите кои најмногу ќе бидат погодени.