Додека вселенското летало „старшип“ (Starship) се движеше кон блиската орбита, се чини дека се распадна на преносот во живо на платформата X.
Отприлика осум минути по почетокот на тестот, можеше да се види голем облак од остатоци околу вселенското летало, а „Спејс екс“ потврди дека ги загубиле податоците од леталото.
Компанијата на Илон Маск која е позната по својот пристап кон развојот на ракети, најверојатно ќе го смета целокупниот лет како успех со оглед на тоа што и покрај експлозијата, имаше неколку нови технички достигнувања.
Добро утро! Ова се петте вести што треба да ги знаете на почетокот од денот.
Анализа на електроиндустријата: Се крстат во Германија, Владата и во обновливата енергија
Какви се трендовите во производството и дистрибуцијата на пазарот на електрична опрема во земјите од регионот Адрија е главното прашање на кое аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“ дава одговор во новата анализа.
Нашиот тим се фокусира на бизнисите во секторот на електрични компоненти и опрема што ги олеснуваат дистрибуцијата на електрична енергија и преминот кон производство на обновлива енергија.
„Очекуваме континуиран раст на продажбата од регионалната група компании што се предмет на споредба, иако со побавно темпо од она што беше забележано во 2021 и 2020 година“, велат аналитичарите.
Големите инвеститори во „Опен еј-ај“ бараат враќање на Алтман
Најголемите инвеститори во компанијата „Опен еј-ај“ (OpenAI) - „Мајкрософт“ (Microsoft), „Трајв капитал“ (Thrive Capital) и „Тајгер глобал“ (Tiger Global Management) - вршат притисок да се врати Сем Алтман како извршен директор, велат извори запознаени со ситуацијата.
Истите извори наведуваат дека како дел од овие напори инвеститорите настојуваат да се замени тековното раководство. Развојот на ситуацијата е сè уште нејасен, а доколку бордот одлучи да се повлече, како што некои информации сугерираат, инвеститорите веќе имаат список на можни нови директори.
Одборот на „Опен еј-ај“ се најде на удар на критики поради одлуката во петокот да го разреши Алтман, што ги изненади инвеститорите. Менаџментот како причина ја наведе неискрената комуникација на Алтман, како и несогласувањата околу безбедноста и комерцијализацијата на вештачката интелигенција.
Пазарите очекуваат значително намалување на стапките на ЕЦБ во 2024-та
Инвеститорите сè повеќе се убедени дека Европската централна банка (ЕЦБ) нагло ќе ги намали каматните стапки за да ја заштити економијата од сериозен пад.
Пазарите на пари сега за првпат очекуваат ЕЦБ следната година да ги намали каматните стапки за цел процентен поен. Досега се очекуваше дека централната банка на еврозоната ќе ги намали трошоците за задолжување за 75 базични поени во 2024 година.
Ако Бајден сака повторно да биде избран, треба да ја легализира марихуаната
Во услови кога Џо Бајден сака да ја зајакне својата кампања за реизбор и да ги поправи лошите бројки на анкетите, постои една политичка позиција која е популарна кај гласачите и може да помогне во обединувањето на демократите, а републиканците би ги оставила во обид да фатат чекор.
Време е тој да ја поддржи легализацијата на рекреативната употреба на марихуана, се наведува во колумна на „Блумберг опинион“.
Цените на часовниците од „Ролекс“ и „Патек“ на најниско ниво во последните две години
Цените на половните часовници на „Ролекс“ (Rolex) и „Патек Филип“ (Patek Philippe) минатиот месец достигнаа ново двегодишно најниско ниво на секундарниот пазар, бидејќи побарувачката за часовници од високата класа продолжи да паѓа поради зголемената понуда.
Индексот Bloomberg Subdial Watch падна за 1,8 отсто во октомври и дојде на најниско ниво од 2021 година. Индексот, кој ги следи цените на 50-те најпродавани часовници по вредност на секундарниот пазар, сега е намален за 42 отсто од својот врв во април 2022 година.