text size
Инфлацијата во Македонија во јуни изнесува 3,4 отсто на годишно ниво, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во споредба со истиот месец лани, цените на мало се повисоки за 3,6 отсто. Истовремено, на месечно ниво, односно во однос на мај, трошоците на живот се намалени за 0,5 отсто.