Стапката на инфлација минатиот месец бележи раст од 3.4 отсто во однос на јуни лани. Цените на мало бележат зголемување од 3.6 отсто соопшти Државниот завод за статистика.
На месечно ниво, инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јуни 2026 година, во однос на мај 2026 година, изнесува -0.5 отсто.
Прочитај повеќе
ЕЦБ е во „добра позиција“ со оглед на податоците за инфлацијата, вели Мулен
Креаторите на политиките на ЕЦБ беа едногласни во поддршката на зголемувањето од 25 базични поени минатиот месец.
05.07.2026
Лагард: Ризиците за инфлацијата и економскиот раст веќе не се толку изразени
Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард изјави дека ризиците за инфлацијата и економскиот раст во еврозоната станале помалку изразени.
01.07.2026
Инфлацијата во еврозоната забави повеќе од очекуваното, нафтата клучна
Потрошувачките цени се зголемија за 2,8 отсто во јуни во однос на пред една година
01.07.2026
Лагард: Европа станува поотпорна на шоковите
Европа станува помалку ранлива на надворешни шокови благодарение на подобрениот финансиски рамковен систем и напредокот во зелената транзиција, изјави Кристин Лагард.
29.06.2026
ББА анализа: Раст на македонскиот БДП од 2,9 проценти во 2026.
Се очекува Србија (со околу 3,5 проценти) и Босна и Херцеговина (со околу 3,2 проценти) да постигнат подобри резултати.
23.06.2026
„Во јуни 2026 година, во однос на мај 2026 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите транспорт за 1.6 отсто и храна и безалкохолни пијалаци за 1.1 отсто“, стои во соопштението.
Сепак, кај овие две ставки има раст во однос на лани. Инфлацијата кај храната изнесува 2,5 отсто, а кај транспортот во јуни била за 6,2 отсто поголема од истиот месец минатата година.
На месечно ниво раст на трошоците има во групите рекреација, спорт и култура за 1.4 отсто, лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги за 0.5 отсто, покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата и ресторани и услуги за сместувањ, здравствена заштита и информации и комуникации, облека и обувки.