Стапката на инфлација во мај изнесува 4,8 отсто споредено со истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика. Индексот на цените на мало во истиот период бележи зголемување од 5.6 отсто.
На месечна основа, инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во мај изнесува 0.6 отсто, а најголемото зголемување е кај транспортот и храната.
„Во мај 2026 година, во однос на април 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: транспорт за 1.6 отсто, облека и обувки, храна и безалкохолни пијалаци за 1.0 отсто, рекреација, спорт и култура за 0.9 отсто, информации и комуникации за 0.7 отсто, ресторани и услуги за сместување за 0.5 отсто, здравствена заштита, домување, вода, електрична енергија, гас и други горива за 0.1 отсто“, соопшти ДЗС.
Прочитај повеќе
Климата почна да ја одредува цената на храната
Сушите, топлотните бранови и поплавите веќе не значат само послаб род, туку и поскапа храна, понестабилни цени и инфлација со која сè потешко се справуваат потрошувачите, производителите и централните банки.
05.06.2026
Инфлацијата во еврозоната надмина три отсто за првпат од 2023 година
Растат очекувањата за ново зголемување на каматните стапки од ЕЦБ.
02.06.2026
Инфлацијата во еврозоната забрзува - ЕЦБ пред зголемување на каматните стапки
Инфлацијата остана далеку над 2 отсто во четирите најголеми економии на еврозоната, зајакнувајќи го аргументот Европската централна банка да ги зголеми каматните стапки за првпат од 2023 година.
29.05.2026
Во мај 2026 година, во однос на април 2026 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги како и покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата.