Ивана Трамп, поранешна скијачка која подоцна стана деловна жена и во 80-тите беше една половина од двојката со многу публицитет, како прва сопруга на бизнисменот и поранешен американски претседател, Доналд Трамп и мајка на неговите најстари деца, почина во Њујорк, објави нејзиното семејство во четвртокот. Таа имаше 73 години.
„Нашата мајка беше неверојатна жена. Силна во бизнисот, атлета од светска класа, зрачеше со убавина, а беше грижлива мајка и пријателка“, посочи семејството на Трамп во изјава за „Еј-би-си њуз“.
Тие наведуваат дека била борец, побегнала од комунизмот и ја прифатила Америка.
„Таа ги научи своите деца за храброст, цврстина, сочувство и решителност. Ќе им недостига на нејзините деца, внуците“, соопшти семејството.
Ивана е првата сопруга на Доналд Трамп, со кого имаат три деца: Доналд Џуниор, Иванка и Ерик.
Ивана Зелничкова која растела во поранешна Чехословачка, се омажи за Доналд во 1977 година, а подоцна се разведоа во 1992 година.