Европската унија е на прагот да постигне конечен договор во врска со усвојувањето на најсеопфатната регулатива за вештачката интелигенција во западниот свет.
Преговарачите се согласија на предложените мерки за контрола на алатките за генеративна вештачка интелигенција, како што е ЧетГТП на „Опен еј-ај“и „Гугл“ , кои можат да произведуваат одредени содржини врз основа на пишани команди, изјавија луѓе запознаени со преговорите во четвртокот наутро.
На состанокот што започна во средата попладне, делегатите од Европската комисија, Европскиот парламент и 27 земји-членки постигнаа компромис што ја носи групата чекор поблиску до формален договор за поширока регулатива позната како Закон за вештачка интелигенција, според Изворите кои сакаа остануваат анонимни затоа што информациите за кои станува збор не се достапни на јавноста.
Договорот претставува клучен чекор во разјаснувањето на политиката за вештачка интелигенција која - во отсуство на какви било значајни дејствија од страна на Конгресот на САД - ќе ја постави основата за законско регулирање на генеративните алатки за вештачка интелигенција во развиениот свет. Овој потег ќе ја направи ЕУ првата влада надвор од Азија која постави цврсти правни ограничувања на технологијата.
Законодавците со месеци работеа на финализирање на одредбите во законот за вештачка интелигенција и неговото донесување пред европските избори во јуни, по што би можело да се формира целосно нова комисија и парламент, што би довело до дополнителни измени и одложување на донесувањето на Законот.
Европската комисија не одговори на барањето за коментар.
Обемните дискусии доцна навечер нагласуваат колку спорна стана дебатата за регулирање на вештачката интелигенција, при што светските лидери и технолошките директори заземаат спротивставени позиции додека популарноста на генеративните алатки продолжува да расте. ЕУ, како и другите влади, вклучително и САД и Обединетото Кралство, се бореше да најде рамнотежа помеѓу потребата да се заштитат своите стартапи со вештачка интелигенција, како што се француската „Мистрал “ (Mistral AI) и германската „Алеф Алфа“, и потенцијалните општествени ризици.
Тоа се покажа како клучна пречка во преговорите, бидејќи некои земји, вклучително и Франција и Германија, се спротивставија на правилата, кои според нив непотребно ќе ја попречат работата на локалните компании. Официјалните лица беа уверени дека договорот ќе биде постигнат рано во четврток, а техничките детали ќе бидат утврдени на следните состаноци.
Пратениците на Европската унија предложија план кој ќе бара од развивачите на модели со вештачка интелигенција кои поддржуваат алатки како ЧетГТП да објавуваат информации за тоа како нивните модели биле обучени, да го сумираат користениот материјал заштитен со авторски права и да ставаат ознаки на содржината генерирана од вештачката интелигенција. Системите што претставуваат „системски ризици“ треба да се усогласат со индустрискиот кодекс на однесување во договор со комисијата. Исто така, тие би морале да ги следат и да ги пријават сите инциденти поврзани со моделот.