САД започнаа нов воздушен напад против бунтовничката група Хути, како продолжение на акциите кои претходно беа преземени во Јемен. Целта на првиот удар против Хутите беше да се деградира способноста на групата да го таргетира бродскиот транспорт во Црвеното Море.
Разурнувачот УСС Карни истрелал крстосувачки ракети „томахавк“ кон радарски објект, се наведува во соопштение на американската Централна команда.
За разлика од првичната операција, во која учествуваше и Велика Британија со поддршка од неколку други земји, овој втор напад е извршен само од САД. Централната команда го нарече ударот „дополнителна акција против одредена воена цел поврзана со нападите извршени на 12 јануари“.
Прочитај повеќе
Акциите на европските транспортни компании скокнаа по нападот врз Хутите
Европските акции во транспортниот и енергетскиот сектор пораснаа во петокот, откако САД и Велика Британија започнаа воздушни напади.
12.01.2024
САД и Британија ги бомбардираа Хутите, тие се заканија со нови напади
САД и Велика Британија извршија воздушни напади врз повеќе од 60 цели на Хутите во Јемен.
12.01.2024
Половина од товарните бродови го избегнуваат Црвено Море по нападите
Според новите податоци од индустријата, половина од контејнерската флота што редовно транзитира преку Црвено Море и Суецкиот Канал сега ја избегнува маршрутата.
28.12.2023
САД со патрола ќе ги штитат бродовите во Црвено Море од напади на Хутите
Вашингтон објави дека досега обезбедил поддршка од 20 западни и арапски сојузници.
25.12.2023
Последниот напад покажа дека администрацијата на Џо Бајден нема да чека одмазда за да продолжи со кампањата против хутските бунтовници. Државниот секретар Ентони Блинкен рече дека неговата цел е да го врати транспортот низ клучната трговска поморска маршрута, откако претходните напади од групата принудија многу компании да ги пренасочат своите бродови околу Африка.
САД и нивните сојузници се подготвуваа за нов напад откако Хутите најавија „непосредни“ напади насочени кон американски и британски трговски бродови поради претходните акции.
Како акцијата во петокот, така и овој нов потег на САД предизвикуваат загриженост дека превирањата во Црвеното Море ќе продолжат. Ова ќе го принуди претседателот Бајден да размислува колку долго може да трае паузата на транспортот во Црвеното Море - или да бара друго решение. Во меѓувреме, Израел соопшти дека нема да отстапи од нападот на Газа, што всушност е главната причина која ги предизвика нападите од страна на Хутите.
Во соопштение доцна во петокот, Централната команда посочи дека нападите не се поврзани со операцијата „Просперити Гардијан“, мултинационална поморска група формирана минатиот месец за заштита на бродовите во Црвеното Море.
Ваквата разлика е истакната бидјеќи на некои земји во групата им било непријатно од идејата за одмазднички напади и не сакале самите да бидат цел.
Од повеќе од 100 прецизно наведувани напади напади врз Хутите, повеќе од 80 биле со ракети „томахавк“, според двајца американски претставници на одбраната, кои побарале да не бидат именувани бидејќи се работи за детали кои не се јавни.
Непосредно пред нападот на сојузниците, Хутите преземаа насочена акција со проектили и беспилотни летала против бродови во Црвеното Море.
Покрај тоа, американските сили, исто така, започнаа напади во Сирија и Ирак во последниве недели против бунтовничките групи поддржани од Иран и насочени кон американските бази - досега без поголеми жртви.
„Ниту една страна не сака да има сеопфатна војна, но се многу погрешно усогласени“, напиша Џон Алтерман, виш потпретседател на Центарот за меѓународни и стратешки студии, во белешка која се однесува на САД и Иран. „Но, тоа не значи дека Хутите ќе престанат да ги напаѓаат бродовите во Црвеното Море или дека САД ќе престанат да ги напаѓаат Хутите“.