Турција го испрати својот прв астронаут на Меѓународната вселенска станица во капсула на „Спејс екс“ (SpaceX), што претставува пресвртница за вселенската програма која е во зародиш.
„Спејс екс“ на Илон Маск ја лансираше својата ракета „Фалкон 9“ (Falcon 9) од вселенскиот центар Кенеди на Флорида во четвртокот, носејќи го турскиот астронаут Алпер Гезеравчи и други членови на екипажот од Италија, Шпанија и Шведска на мисија управувана од „Аксиом спејс“ (Axiom Space Inc).
Прочитај повеќе
Ракетата „Блу Ориџин“ на Безос повторно полета во вселената
Ова враќање во вселената треба да овозможи континуирани операции на вселенски туризам за „Блу Ориџин“
20.12.2023
„Спејс екс“ ќе лансира сателити на Европската вселенска агенција следната година
Европа се соочува со тешкотии во обидот да ги реализира своите амбиции во оваа област
23.10.2023
Светските трошоци за вселената ќе се зголемат за 41 отсто
Најголеми сегмент од вселенската индустрија е продажбата на податоци за позиција, навигација и временски услови.
25.07.2023
Јапонски стартап собра 30 милиони долари за да испрати роботи во вселената
Јапонскиот стартап „Гитаи“ се шири во САД во обид да создаде роботска работна сила за помали трошоци.
29.05.2023
Климатските промени водат до вселенска трка за мутирани семиња
Меѓународната агенција за атомска енергија првпат користи космичко зрачење за да мутира семиња.
04.03.2023
Двонеделната мисија Акс-3 (Ax-3) е треа од четирите планирани вселенски лансирања на „Аксиом“, а учеството на Гезеравчи ја чинеше Турција околу 55 милиони долари, рече турскиот министер за индустрија и технологија Фатих Кацир. Ова е клучен дел од националниот проект дизајниран да го отвори влезот на Турција во вселенската трка во која традиционално доминираат светските сили. Турција ја претстави својата вселенска програма во 2021 година, чија цел беше беспилотна мисија на Месечината во првите две години.
Турската вселенска агенција и други национални истражувачки институции работат заедно на развој на хибридна ракета и воспоставување копнена контролна станица за идните мисии.
Гезеравчи, 44-годишен пилот на борбен авион, ќе помине 14 дена на меѓународната станица, спроведувајќи научни истражувања, според информациите на веб-страницата на „Аксиом“. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му се јавил на Гезеравчи еден ден пред планираното лансирање, велејќи му дека летот ќе послужи како „инспирација за турската младина“.