Бернард Арно го доби највисокото цивилно признание во Франција што го доделува претседателот Емануел Макрон, на церемонија што се одржа во средата вечер, а на која присуствуваа и ВИП-гости како Илон Маск и поп-ѕвездите Бијонсе и Џеј Зи.
„Францускиот бизнисмен, основач на луксузниот конгломерат ЛВМХ (LVMH Moët Hennessy Louis Vuitton), го доби признанието Голем крст на Легијата на честа (Grand-Croix de la Legion d’Honneur) во Елисејската палата“, изјави портпаролот на кабинетот на Макрон. Тоа е највисокиот ранг во системот на признанија што датира уште од времето на Наполеон.
На церемонијата присуствуваа и членовите на семејството на Арно, уметникот Џеф Кунс и францускиот милијардер Винсент Болоре, соопшти портпаролот, потврдувајќи го претходниот извештај на „Политико“ (Politico). Портпаролот на Арно одби да коментира.
Прочитај повеќе
Кој ќе го наследи кралот на луксузот?
Клучното прашање за најбогатиот Европеец не е само како да се преживее во измамничките можности што ја очекуваат индустријата на луксузот.
27.12.2023
Бизнис-лекции од кралот на луксузот
Побарувачката за луксузни производи по правило не се намалува за време на економски кризи.
30.07.2023
ЛВМХ е прва европска компанија вредна над 500 милијарди долари
Пазарната вредност на модниот конгломерат ЛВМХ (LVMH - Moët Hennessy Louis Vuitton) достигна 500 милијарди долари.
24.04.2023
Минатата година Макрон на приватна церемонија на основачот на „Амазон“ (Amazon.com), Џеф Безос, му ја врачи наградата Легија на честа, објави „Блумберг“. Арно, Безос и Маск се тројцата најбогати луѓе во светот, според индексот на милијардери на „Блумберг“.
Меѓу 75-те луксузни бренда што ги опфаќа конгломератот ЛВМХ се и „Луј Витон“ (Louis Vuitton), „Кристијан Диор“ (Christian Dior) и шампањот „дом перињон“ (Dom Pérignon). Минатата недела првата дама Брижит Макрон присуствуваше на ревијата на дизајнерот на женска облека од „Луј Витон“, Николас Геские, во Париз.