Претседателот на Швајцарската национална банка (SNB), Томас Џордан, заработил плата од 951.700 швајцарски франци (1,1 милион долари) во 2023 година, што го прави еден од најплатените шефови на централни банки во светот.
Тој надомест е зголемен за околу 2,5 отсто во однос на претходната година, според пресметките на „Блумберг“ врз основа на годишниот извештај објавен во вторникот.
Неговата вкупна заработка изнесувала 982.000 франци и вклучувала плата, трошоци, годишен билет за воз и други приходи. Џордан исто така добил дополнителни 76.133 франци за функцијата член на Управниот одбор на БИС.
Прочитај повеќе
Кои плати најмногу ќе растат во земјава годинава?
Во моментов во земјава има 10.381 отворен оглас за вработување.
04.03.2024
Дали годинава ќе ви биде покачена платата?
Околу 45 отсто од работодавците во Обединетото Кралство планираат зголемување на платите
24.02.2024
Најплатениот работник во „Дојче банк“ лани добил 14 милиони евра
Со добиениот износ оваа личност е најплатена во банката во најмалку една деценија.
15.03.2024
Главниот централен банкар на Швајцарија претходно месецов објави дека ќе ја напушти функцијата на крајот на септември.
Според последните достапни податоци, платата на Џордан е многу повисока во однос на 427.560 евра, колку што изнесува платата на претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард.