Принцезата Кетрин се лекува од рак, вели таа во видео изјава, расветлувајќи ја кралската здравствена криза која е предмет на интензивни медиумски шпекулации во Британија и пошироко.
Кејт Мидлтон, принцезата од Велс и сопруга на наследникот на британскиот трон, принцот Вилијам, денеска изјави дека нејзината закажана операција на абдоменот во јануари открила присуство на рак. После тоа била подложена на хемотерапија, која ја опиша како „превентивна“.
„Затоа, мојот медицински тим ме советуваше да одам на превентивна хемотерапија и сега сум во раните фази на тој третман“, рече принцезата Кетрин. „Ова, се разбира, беше огромен шок и Вилијам и јас направивме сè што можеме за да го обработиме и решиме ова приватно за доброто на нашето младо семејство“.
Тоа е најновиот здравствен проблем за британското кралско семејство, чија долговечност е симболизирана со 70-годишното владеење на кралицата Елизабета. Соопштението доаѓа шест недели откако кралското семејство откри дека и кралот Чарлс III е на третман од неодреден рак.