Рок бендот КИСС (KISS) го продава својот каталог на песни, како и своето име, сликата и имиџот, на „Попхаус ентртејмент“ (Pophouse Entertainment Group AB), шведската компанија која стои зад популарното шоу Аба војаж (ABBA Voyage) во кое настапуваат во живо аватари од членовите на групата АББА.
„Попхаус“ за тоа плаќа повеќе од 300 милиони долари, изјавил извор запознаен со ова прашање, кој побара да остане анонимен бидејќи станува збор за приватен договор. Зделката вклучува оригинални снимки и права на објавување.
Компанијата сака да го зачува КИСС како нешто што ќе остане популарно во културата долго откако неговите членови ќе престанат да прават нова музика и да настапуваат. „Попхаус“ најави дека планира да направи биографски филм за групата, како и музичко шоу во живо со аватари на неговите членови.
Прочитај повеќе
Дали божиќната песна на Мараја Кери има потреба од одбрана?
Се слуша насекаде, избувнува како да мора буквално да се впие празничниот дух.
30.12.2023
Чизми на Елтон Џон продадени за 94.500 долари на спектакуларна аукција
Сите 49 лота што беа понудени во средата го најдоа својот купувач, често по цени далеку над нивната проценета вредност.
24.02.2024
Личните работи на Елтон Џон од неговата куќа во Атланта може да достигнат милиони на аукција
Станува збор за желба да се претстават работите што ги сакал во својот живот.
26.01.2024
„Попхаус“ веќе направи шоу во живо во која учествуваат членовите на АББА, легендарната шведска поп група. Тоа шоу, наречено Аба војаж (ABBA Voyage), заработува повеќе од 1 милион долари неделно во Лондон. Десетици илјади обожаватели се собираат во арената која е наменски изградена за шоуто за да ги гледаат аватарите на групата како изведуваат хитови како Dancing Queen и Chiquitita. Бјорн Улвеус од АББА го основаше „Попхаус“ со шведскиот инвеститор Кони Џонсон.
Басистот кој е и еден од водечките вокали на КИСС, Џин Симонс и неговите колеги од бендот почнаа да разговараат со тимот во „Попхаус“ пред неколку години во средината на нивната последна турнеја, Светската турнеја End of the Road. Рок бендот, формиран од Симонс и Пол Стенли во раните 1970-ти, продаде повеќе од 100 милиони албуми ширум светот, а нивната последна турнеја траеше пет години.
КИСС и „Попхаус“ поминаа многу месеци работејќи на идни проекти, а членовите на КИСС веќе летнаа во Industrial Light & Magic на Walt Disney Co. за да облечат боди и камерите да ги снимаат нивните изведби за аватар шоуто.
„Kiss the touring band заврши - ја прекинавме турнејата по 50 години“, рече Симонс во интервјуто. „Она што „Попхаус“ ќе го прави со нашите слики, нашата музика и нашите личности е сосем различно од нешто што некој досега го видел“.