Консумирањето на новата класа лекови за слабеење и дијабетес, меѓу кои се и вегови и оземпик, не носи ризик од самоубиства и самоповредување, потврди Регулаторната агенција за лекови на Европската Унија (ЕМА). Двата вида лекови ги произведува компанијата „Ново Нордиск“, а регулаторот утврдил дека доказите не ја поддржуваат причинско-последичната врска помеѓу лековите и самоубиствените мисли и дејства. Ова во петокот го соопшти Комитетот за процена на ризик од Европската агенција за лекови.
Одлуката на ЕМА е најновата во серијата охрабрувачки извештаи за ризикот од самоубиство за лековите глукагон-пептид-1 или GLP-1, кои во последно време се меѓу најжешките продавачи во фармацевтската индустрија. Американската агенција за храна и лекови дојде до сличен заклучок во јануари.
Акциите на „Ново Нордиск“ пораснаа за цели 2 отсто во Копенхаген, најмногу во приближно еден месец. Акциите пораснаа за повеќе од 60 проценти во изминатата година, што ја прави данската компанија најголема во Европа по пазарна вредност, бидејќи побарувачката на лекови за губење на тежината се зголемува.
Прочитај повеќе
„Ново“ инвестира 11 милијарди долари за да го засили производството на „вегови“
„Ново Нордиск“ ќе купи три фармацевтски погони во вредност од 11 милијарди долари за да го зголеми производствениот капацитет.
05.02.2024
Што треба да знаете за лековите за слабеење како „оземпик“
Последен пат толкава возбуда за нов лек имаше за „вијагра“, која беше одобрена во 1998 година.
10.11.2023
Истрагата на Европската агенција започна во јули по извештаите за самоубиствени мисли од луѓе што ги земале лековите. Лековите GLP-1 го забавуваат движењето на храната низ цревата, но исто така се смета дека имаат пошироко влијание што го вклучува и мозочниот невротрансмитер допамин. Во ноември, ЕМА ја прошири својата истрага.
Комитетот анализираше голема студија што користеше електронска здравствена евиденција за да следи колку се чести мислите за самоубиство кај луѓето што ги земаат овие лекови или други лекови за дијабетес или губење на тежината. Агенцијата користела и здравствени досиеја за да направи сопствена студија за ризикот од самоубиство и самоповредување кај луѓето со дијабетес тип 2.
Истрагата не ги вклучи мунџаро и зепбаунд на „Ели Лили“ (Eli Lilly & Co.), две верзии на истиот лек што се продава за дијабетес и губење на тежината, кој дејствува поинаку од вегови.
Лековите GLP-1 се препишуваат за дијабетес повеќе од 15 години, иако нивната употреба за губење на тежината е понова.