Побавната инфлација ја отвори вратата за Европската централна банка (ЕЦБ) да започне со намалување на каматните стапки летово, иако геополитиката сè уште може да ги попречи таквите планови, смета членот на Управниот совет, Оли Рен.
Следниот чекор на ЕЦБ ќе зависи од тоа дали ситуацијата во Украина и на Блискиот исток ќе се влоши. По случувањата од викендов, цената на нафтата е во пораст, а раст бележи и цената на европскиот гас.
Добро утро, ова се петте вести кои се важни за почеток на денот
Македонија има седум величествени во финансискиот лизинг
Иако претставува само мал, незначителен дел од финансискиот сектор во Македонија, лизингот станува бизнис што од година на година бележи континуиран раст. Според последните податоци на Народната банка, во четвртиот квартал на 2023 година вкупните средства на друштвата даватели на финансиски лизинг во Македонија остварија квартален и годишен раст од 3,3 проценти и 25,3 проценти, соодветно.
Всушност, тоа се вкупните резултати на седум регистрирани компании за финансиски лизинг што го туркаат овој бизнис во земјата, кој учествува само со еден процент во вкупните средства на финансискиот сектор.
Како милионите од Орбанова Унгарија го освојуваат регионот Адрија
Унгарските компании инвестираат сè повеќе во регионот Адрија во последниве години, првенствено во недвижнини, туризам, енергија, медиуми и спорт, а локалната ОТП банка има филијали во Словенија, Хрватска и Србија и е значаен играч во финансиската пазар во сите овие земји.
Унгарските компании имаат и формална поддршка од Владата да инвестираат во земји кои се препознаени како стратешки важни, а во земјите од регионот Адрија со кои секако се граничат се токму тоа.
Со интеграцијата на пазарот на електрична енергија пристап до поголеми пазари
Спојувањето на Македонската берза за електрична енергија со берзата во Бугарија и проектот што МЕМО, националниот оператор за пазар на електрична енергија, го потпиша на крајот на минатата година за регионално спојување помеѓу земјите од Западен Балкан односно Македонија, Грција, Албанија и Косово, се во тек и на нив интензивно се работи.
Очекувањата, а и според планот на Европската комисија, се финализација до крајот на 2026 година, вели Симон Шутиноски, управител на МЕМО, во интервју за „Блумберг Адрија“.
Европскиот гас поскапува откако Израел вети одговор на нападот од Иран
Цените на европскиот природен гас продолжија да растат во вторникот, откако највисоките израелски воени претставници потврдија дека нивната земја нема друг избор освен да одговори на иранскиот напад со беспилотни летала и ракети викендов.
Референтните фјучерси пораснаа дури за 3,4 отсто во почетокот на тргувањето, приближувајќи се до највисоките нивоа од јануари. Договорите пораснаа за околу 18 отсто од минатиот четврток, кога пазарите почнаа да ги ценат поголемите геополитички ризици, вклучувајќи и потенцијални нарушувања од руските напади врз украинската енергетска инфраструктура.
„Мајкрософт“ вложува 1,5 милијарда долари во компанија за ВИ од Емиратите
„Мајкрософт“ (Microsoft Corp.) ќе инвестира 1,5 милијарда долари во Г42 (G42), водечката компанија во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) за вештачка интелигенција (ВИ). Фирмата со седиште во Абу Даби е посветена на намалување на своето присуство во Кина.
Како дел од договорот, претседателот на „Мајкрософт“, Бред Смит, ќе му се приклучи на одборот на Г42, а Г42 ќе го користи Ажур (Azure) на американскиот производител на софтвер за своите апликации за вештачка интелигенција. Договорот – проширување на постојното партнерство меѓу двете компании – е развиен во консултација со владите на ОАЕ и САД, рекоа Смит и извршниот директор на Г42, Пенг Ксијао.