text size
Иако претставува само мал, незначителен дел од финансискиот сектор во Македонија, лизингот станува бизнис што од година на година бележи континуиран раст. Според последните податоци на Народната банка, во четвртиот квартал на 2023 година вкупните средства на друштвата даватели на финансиски лизинг во Македонија остварија квартален и годишен раст од 3,3 проценти и 25,3 проценти, соодветно. Всушност, тоа се вкупните резултати на седум регистрирани компании за финансиски лизинг што го туркаат овој бизнис во земјата, кој учествува само со еден процент во вкупните средства на финансискиот сектор.