text size
Во обид да ги придобие симпатиите на американскиот народ, кој се соочува со раст на трошоците на живот, меѓу кои доминира домувањето, претседателот Доналд Трамп неодамна промовираше идеја за овозможување хипотекарни кредити со рок на отплата до 50 години. Според него, тоа би значело помала месечна рата за отплата на кредитот односно помало оптоварување на семејните буџети. Иако дел од експертската јавност во САД ја отфрли идејата како кусогледо и проблематично решение за високите трошоци за домување, анализиравме колку тоа би било применливо во реалноста, што би значело во однос вкупните трошоци за отплата на кредитот и дали македонските банки воопшто размислуваат во насока на зголемување на рочноста за отплата на станбените кредити.