Какви се најновите трендови во месната индустрија во земјите од регионот Адрија ќе можете да прочитате в понеделник, во новата анализа што ја подготви аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“. Истовремено, анализираме колку е оправдан порастот на цените и зошто нема намалување, иако има драстичен пад на цената на енергентите.
Прашуваме дали Македонија е подготвена навремено да ги заврши обврските и до 2026 година да се интегрира со европскиот пазар на струја. Интеграцијата на пазарите на електрична енергија е помогната од Европската енергетска заедница, а дел од проектот е спојувањето и на македонскиот пазар.
Македонија претходната година забележа значителен раст на производството на струја од обновливи извори на енергија по повеќе од 30 години независност. Истражуваме дали вишокот струја од обновливите извори на енергија создава дополнителни трошоци и оптоварување на електроенергетскиот систем во земјава.
Пролетта е период во кој компаниите од Македонската берза ги сумираат резултатите од работењето во претходната година и одржуваат собранија, на кои, меѓу другото, се одлучува по предлозите на менаџерите за распределба на добивката, односно за тоа дали и колкава дивиденда ќе им се исплати на акционерите. Анализираме колку заработија македонските менаџери од акциите.