„Визер“ (Wizz Air) го намалува обемот на работа за претстојната зимска сезона 2024/2025. Ќе бидат скратени девет линии од Скопје во споредба со првично планираниот распоред од почетокот на месецов, а за Белград предвидено е намалување на шест линии.
Компанијата се одлучи на ваков чекор откако флотата од семејството „A320нео“ на авиопревозникот е подложена на инспекции поради производствени проблеми со моторот.
Добро утро, ова се петте вести важни за почеток на денот
Македонија и енергетската ефикасност: Трчаме триатлон со врзани нозе и раце
Во Македонија домаќинствата учествуваат со близу 27 отсто во потрошувачката на струја, а во емисиите на стаклени гасови нивото учество изнесува 32 отсто. Според статистичките податоци за 2022 година, во земјава имало 567.743 домаќинства, во истата година биле извршени 368 објекти или стапката на реконструирани објекти изнесува само 0,06 отсто. Европскиот просек изнесува еден отсто. Проблемот со домовите во земјава не е само тоа што немаат енергетска фасада. Во пописот, домаќинствата пријавиле и други проблеми – лоши прозорци, влага, соби со недоволна дневна светлина, бучава.
„Блумберг Адрија“ ги праша експертите колку чини просечната реконструкција чија цел е намалување на емисијата на штетни гасови.
Исконскиот грев на FTX е предупредување за целиот криптосвет
Некаде меѓу колапсот на FTX и пресудата за измама на Сем Бaнкмен-Фрид една година подоцна се формира консензус за некогашниот студент генијалец за криптовалути: неговата дива, кадрава коса и дремењата на канцеларискиот стол беа главно само како претстава, нешто за шоу, додека вистинското лице беше неговата компанија FTX, која милиони луѓе ја користеа за купување и продавање дигитални валути.
Криптоентузијастите го гледаат FTX како речиси успешна приказна - само ако неговиот сопственик не ги искористи парите од клиентите за негови странични облози. Како што напиша авторот Мајкл Луис во „60 минути“, „тие всушност имаа одлична, реална работа“.
Црвениот аларм за јавниот долг одамна свети - има ли излез?
Растот на економијата, кој беше главен фокус и во предизборните реторики и политички програми, во наредниот период извесно е дека ќе биде засегнат и од високата задолженост на државата. Во годините пред нас на врата чукаат и старите долгови, па истовремено вложување во јавни инвестиции ќе биде вистински предизвик и за новата влада.
Јавниот долг минатата година го надмина утврдениот лимит од 60 отсто од БДП, во согласност со критериумите од Мастрихт, искачувајќи се на 62,1 отсто.
Ангеловска-Бежоска: И покрај шоковите, стабилноста на домашната валута е зачувана
Стабилноста на девизниот курс и покрај шоковите од невидени размери беше задржана, а нивото на девизните резерви во моментов е повисоко за близу 40 отсто во споредба со преткризниот период, информираа од Народната банка.
По покана од Централната банка на Исланд и од престижниот американски универзитет „Нортвестерн“, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска го сподели искуството за успешното задржување на стабилноста на девизниот курс во македонската економија.
Ова се светските авиолинии со најопасни турбуленции
Фаталните турбуленции на летот на „Сингапур ерлајнс“ (Singapore Airlines Ltd.) на пат од Лондон кон Сингапур ги ставија во центарот на вниманието најнестабилните воздушни врски во светот.
Еден Британец загина, а седуммина други лица беа критично повредени откако летот СК321 (SQ321) на оваа авиокомпанија наиде на сериозни турбуленции при навлегувањето во воздушниот простор на Тајланд во вторникот, што предизвика принудно слетување во Бангкок.