text size
Иако одборот на „Енвидија“ (Nvidia Corp.) бара лице што трајно ќе го замени основачот и извршен директор Џенсен Хуанг, сега се потпира на Колет Крес, која веќе 13 години е финансиска директорка на компанијата и долгогодишна раководителка во технолошкиот сектор, за да го стабилизира работењето.
Крес (59) ѝ се придружи на „Енвидија“ во 2013 година како финансиска директорка и извршна потпретседателка, долго пред подемот на генеративната вештачка интелигенција да ги претвори графичките процесорски единици (ГПУ) на компанијата во најбарани чипови и да ја зголеми вредноста на нејзините акции за повеќе од 2.000 отсто. Во многу погледи таа е целосна спротивност на својот поранешен шеф. Го избегнува вниманието на јавноста, со финансискиот сектор комуницира главно на однапред организирани настани и е забележливо претпазлива во своите изјави. Дури неодамна почна да презема поактивна улога во јавноста, вклучително и со учество на настани како што се конференциските повици по повод објавувањето на деловните резултати.
Со именувањето на Крес за привремена извршна директорка, „Енвидија“ повлекува класичен потег на компанија што се наоѓа во криза. Одборите често се потпираат на финансиските директори за да обезбедат стабилно раководство додека трагаат по идниот лидер.
Прочитај повеќе
„Енвидија“ тоне, но остатокот од берзата му одолева на притисокот
Додека одборот на „Енвидија“ бара траен наследник на Хуанг, компанијата се потпира на својата финансиска директорка Колет Крес, која како привремена извршна директорка ќе се обиде да го стабилизира работењето.
пред 1 час
Кина е најголемиот губитник од падот на Џенсен Хуанг
По оставката на Џенсен Хуанг, Вашингтон би можел да ги заостри контролите и за законските канали преку кои кинеските компании набавуваат чипови на „Енвидија“.
пред 3 часа
Џенсен Хуанг поднесе оставка
Џенсен Хуанг поднесе оставка oд директорската позиција само неколку дена по обелоденувањето на аферата со Алис Хуанг. Финансиската директорка Колет Крес привремено ќе ја води „Енвидија“.
пред 5 часа
„Енвидија“ ангажирала надворешна фирма да бара наследник за Хуанг
Управниот одбор ја разгледува можноста за назначување привремен директор додека трае потрагата по трајно решение.
пред 8 часа
Хуанг на излезна врата од „Енвидија“, Маск сака да го вработи
Илон Маск изненади со јавна поддршка и порака дека би му било чест да го вработи. Дали Џенсен Хуанг наскоро ја напушта „Енвидија“?
пред 11 час
„Во оваа ситуација, финансискиот директор е најдобриот избор за привремен лидер“, рече Кети Лог, директорка и раководителка на одделот за финансиски директори и раководители во финансискиот сектор во „Стентон Чејс“ (Stanton Chase), компанија за регрутирање раководен кадар. „Никој нема таков кредибилитет и такви односи какви што има финансискиот директор. Во време на криза сакате да испратите порака на стабилност и доверба, иако во моментов има огромна нестабилност.“
Моментот на именувањето не е идеален за Крес, која се подготвуваше за објавувањето на деловните резултати на компанијата, кои се очекуваат следната недела. Нејзиното именување доаѓа и помалку од три месеци пред крајот на фискалната година на компанијата, период во кој канцеларијата на финансискиот директор е невообичаено зафатена.
Сепак, краткорочно гледано, „одборот постапи разумно и се сврте кон лице што може да управува со компанијата додека не се најде трајно решение“, рече Марк Малек, директор за инвестиции во компанијата „Сиберт фајненшл“ (Siebert Financial). „Колет Крес ја знае секоја бројка во книгата на нарачки.“
Аналитичарот на компанијата „Јорквил Ајвс“ (Yorkville Ives), Дан Ајвс, исто така изрази доверба во Крес и во нејзиното преземање на новата улога.
„Отсекогаш верувавме дека таа еден ден ќе стане извршна директорка на некоја голема технолошка компанија што котира на берза, но дека пред тоа ќе мора да ја напушти ‘Енвидија’, по многу години поминати во таа компанија“, рече тој.
Крес помина во „Енвидија“ повеќе од двојно подолго од просечниот финансиски директор на компаниите од индексот S&P 500 и од листата Fortune 500, со што стекна кредибилитет и во компанијата и на Волстрит. Нејзините досегашни резултати значат дека „учествувала во целокупната еволуција на компанијата“, рече Лог, што ја прави најдобар избор за воспоставување одредена стабилност додека одборот бара траен извршен директор.
Наоѓањето лице што ќе го пополни местото на Хуанг претставува сосема поинаков предизвик. За да се одржи замавот на „Енвидија“, аналитичарот на „Блумберг интелиџенс“ (Bloomberg Intelligence), Мандип Синг, рече дека „многу работи мора да се одвиваат во вистинската насока, заедно со планот за развој на производите. Некому ќе му биде тешко да дојде и успешно да го спроведува сето тоа“.
Bloomberg
Bloomberg
Ајвс сугерираше дека потрагата по нов извршен директор надвор од компанијата би можела да опфати имиња како Тим Кук, извршен претседател на одборот на „Епл“ (Apple Inc.), кого го опиша како „кандидат од втор план, според нашето мислење, со оглед на глобалното значење на ‘Енвидија’ за целата американска технолошка индустрија“. Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот исто така сугерираше дека Кук треба да ја води „Енвидија“.
Финансиските директори што ќе бидат именувани за привремени извршни директори ретко остануваат трајно на таа функција. Повеќето од нив се враќаат на финансиските функции откако одборот ќе најде нов извршен директор. Иако Крес веројатно ќе биде земена предвид како кандидатка за наследничка на Хуанг, таа е пред сè привремено решение, според Лог.
„Финансискиот директор е дел од решението, но таа нема да биде целото решение“, рече таа.
Сепак, има примери на финансиски директори што прво станале привремени извршни директори, а потоа трајно ја презеле таа функција. На пример, финансискиот директор на „Интел“ (Intel Corp.), Боб Свон, беше именуван за привремен извршен директор во јуни 2018 година и ја извршуваше таа функција додека одборот бараше нов директор. По завршувањето на таа потрага, Свон во 2019 година стана извршен директор и ја водеше компанијата до 2021 година. Во други технолошки компании, како „Јаху“ (Yahoo) и „АМД“ (Advanced Micro Devices Inc.), финансиските директори исто така ги презедоа улогите на привремени извршни директори, но потоа се вратија на раководењето со финансиските тимови.