Бројот на основни училишта во Македонија се намалил од 1.042 во учебната 2018/2019 година на 1.000 во учебната 2023/2024 година, покажуваат новите податоци на Државниот завод за статистика. Во истиот период, бројот на средни училишта се намалил од 138 на 135.
„Во основното образование, од година на година се намалува бројот на влезната генерација, како и вкупниот број ученици. Бројот на запишани ученици во основно образование во учебната 2023/2024 година е помал за 4,8 проценти во споредба со 2013/2014 година“, информираат од ДЗС.
Состојбата со запишани ученици во средното образование, исто така, бележи намалување.
Прочитај повеќе
Се изедначува бројот на деца до 14 и лица над 65 години - кој ќе работи во иднина?
Стареењето на населението и високата стапка на емиграција претставуваат дополнителни предизвици за продуктивност.
23.05.2024
План: Недостигот од наставници ќе се реши со затворање училишта?
Во 60 отсто од училишните објекти, главно во руралните средини, одат само 10 отсто од учениците.
27.02.2024
Без млади земјоделци ќе останеме и без храна
Сè повеќе расте дефицитот од работна сила во земјоделството.
26.12.2023
Прогноза: Ни историски најголемите плати нема да ги задржат работниците во земјава
Од 2017 година бројот на работоспособни лица се намалил за над 200.000.
05.01.2024
„Бројот на запишани ученици во средното образование, во учебната 2023/2024 година, во споредба со 2013/2014 година, е намален за 22 проценти“, информираат од Државниот завод за статистика.
Намалување има во високото образование. Имено, бројот на запишани студенти во 2023/2024 година е намален за 9,4 проценти во споредба со 2013/2014 година.