Поради пожар на грчка страна во прекин е сообраќајот на граничниот премин Богородица - Евзони, а возилата се пренасочуваат на граничниот премин Дојран. Се преземаат интензивни мерки за гасење на пожарот и по неговото гасење, повторно ќе биде овозможено преминување преку граничниот премин.
Од МВР и од Царинската управа апелираат до граѓаните да не се упатуваат кон граничниот премин односно да ги користат останатите премини додека не биде објавено дека пожарот е изгаснат и сообраќајот нормализиран.
„Внимателно ги следиме состојбите и навремено ќе ги информираме граѓаните кога преминот ќе биде ставен целосно во функција“, соопшти Царината.
Прочитај повеќе
Евакуирани туристи од грчките острови поради пожари
Посетителите и локалните жители беа замолени да го напуштат селото Кардамена на островот Кос синоќа
02.07.2024
Македонија гори: Активни пожари на десет локации
Опожарени се површини на планината Серта, во близина на Радовиш и на Битола, на регионалниот пат Неготино-Штип кај Пепелиште и на уште неколку други места.
16.07.2024
Инаку, неофицијално пожарот избувнал пред 12 часот и гори до самиот граничен премин на излез од Грција. На камерите на Јавното претпријатие за државни патишта може да се забележи дека има три колони возила кои чекаат на излез од државата и не се движат. Според МИА, во гаснењето на пожарот интервенираат 39 пожарникари со два пешадиски тима, 12 возила и еден хеликоптер.