Француската метеоролошка агенција издаде предупредување за Париз и околните области за можно невреме и максимални температури од 35 Целзиусови степени што се очекуваат денеска во градот во кој се одржуваат Олимписките игри.
Агенцијата објави жолто ниво на опасност - второ од четирите нивоа - за главниот град, додека топлотниот бран носи високи температури и во другите олимписки места низ Франција.
Уште повисоко - портокалово предупредување - во сила е за Бордо и Лион, каде што вчера температурите достигнаа близу 40 Целзиусови степени, кое ќе остане во сила и денеска, кога во овие градови ќе одржат олимписки фудбалски натпревари.
Прочитај повеќе
Суспендиран полски новинар кој критикувал песна од отворањето на ОИ
Коментаторот реагирал на легендарна песна на Џон Ленон изведена на свеченото отворање.
28.07.2024
Олимпискиот златен медал вреди речиси илјада долари
Вистинската вредност на освојувањето медал лежи во долготрајните подготовки, пожртвуваноста, упорноста и умешноста.
27.07.2024
Би пливале ли во Сена?
За 35 години се потрошени 1,4 милијарда евра за чистење на реката.
16.07.2024
Летните олимписки игри во Париз се очекува да бидат најжешки досега
Се прогнозира дека во француската престолнина температурите ќе надминат 35 Целзиусови степени.
23.07.2024
Жолто ниво за Париз беше издадено особено затоа што се предвидува дека „многу топлите“ услови ќе останат во текот на ноќта, при што живата не се очекува да падне под 22 Целзиусови степена помеѓу вторник и среда. Тоа умерено ниво на тревога значи дека луѓето треба да „бидат внимателни“ на влијанието на топлината кога спортуваат или се занимаваат со друга физичка активност, велат од агенцијата.
Жештината силно ќе ја почувствуваат олимпијците што се натпреваруваат во настани на отворено во текот на попладневните часови во Париз и неговите околни предградија.
Условите би можеле да бидат уште потешки кога Шпанија ќе се натпреварува со Египет во фудбал денеска попладне во Бордо. Метеоролошката агенција соопшти дека температурите би можеле да достигнат до 38 Целзиусови степени во југозападниот град.
Слични високи прогнози има и за Лион, каде што фудбалерите на Украина денеска ќе играат против Аргентина.
Во централниот град Шатору, кој е домаќин на олимписки стрелачки натпревари, температурите денеска би можеле да достигнат 36 Целзиусови степени, соопштија синоптичарите.
Во пресрет на Игрите, некои спортисти побараа да се приспособи тајмингот на настаните и да се земат предвид високите температури и ризикот од топлотен удар.