Во координирана акција меѓу македонската и косовската полиција на косовска територија бил уапсен 34-годишник од Ресен поради основано сомнение за фалсификување пари, соопштија од МВР.
Според соопштението од ресорното министерство, било приведено лицето Ш.Д. (34) од Ресен, кое било вработено во Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР.
Во соопштението се додава дека при извршени претреси на надлежните служби на три локации биле пронајдени и одземени две машини за изработка на фалсификувани монети, шест метални печати во апоени од две евра, шест вреќи со полупроизвод на монети и една вреќа со готов производ на фалсификувани монети.
Одземените предмети ќе бидат предадени на понатамошно вештачење.