Силен земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтер го погоди брегот на Мијазаки на јапонскиот југозападен остров Кјушу, предизвикувајќи предупредување за цунами, соопшти Метеоролошката агенција.
Интензитетот на земјотресот што се случи околу 16 часот и 43 минути денеска беше доволно силен за да отвора врати и да крши прозорци, соопшти агенцијата. Издаде предупредување за цунами за префектурите Мијазаки, Кочи, Ехиме, Оита и Кагошима – сите на Кјушу.
Националната телевизија објави дека цунами бран од 20 сантиметри (7,8 инчи) погодил делови од брегот на Мијазаки. Телевизијата пренесе изјава од операторот дека земјотресот нема влијание на нуклеарната централа Иката, која се наоѓа на главниот остров Шикоку, североисточно од местото на земјотресот.
.