Акциите на компаниите кои произведуваат тестовите за ковид-19 и производителите на лекови сега се во центарот на вниманието во Азија, покажувајќи силни добивки во последните денови по растот на бројот на инфекции. Меѓу најдобрите изведувачи е кинескиот производител на тестови за ковид „Даан Џин“ (Daan Gene Co), кој скокна за 17 проценти неделава.
Добро утро, ова се петте вести кои се важни за почеток на денот.
Колку чини земјиштето во Македонија: Две евра за садење, по 100 евра за градење
Рекордната цена на становите особено во Скопје се правда со високите цени на градежното земјиште, но и се помалиот број слободни парцели за градење.
Пребарувањето по огласите покажува дека квадратен метар градежно земјиште во Скопскиот Регион не може да се најде поевтино од 50 евра. Во елитните населби цената на плацовите надминува и 100 евра за квадрат. Од друга страна, нива во еден од најплодните краеви во земјава, во Тиквешијата, се продава по цена од две евра за квадрат. Во помалку атрактивните региони цената се намалува на 1,5 евро.
Како „Нетфликс“ го реши проблемот со споделувањето лозинки
Грег Питерс, еден од извршните директори на „Нетфликс“, самоуверено излезе на сцената на „Холивуд паладиум“, концертната сала во Лос Анџелес, во средината на февруари, за да одржи мотивациски говор пред учесниците на академијата „Нетфликс“ за новите вработени.
Питерс во кошула и бел џемпер со патент, со впечатливи зелени очи, ја презентираше историјата на „Нетфликс“, а потоа ја анализираше ситуацијата со конкуренцијата на пазарот. Традиционалните медиумски компании како „Волт Дизни“ и „Парамаунт глобал“, кои доцнеа со лансирањето услуга за стриминг, сега се борат да заработат пари. Големите технолошки компании како „Амазон“ и „Епл“ би можеле да инвестираат многу повеќе од другите, но не се фокусирани на забавната индустрија. Некои од овие компании, рече тој, на крајот ќе мора да ги прекинат услугите. „Нетфликс“, веќе попопуларен од сите негови конкуренти (освен Јутјуб), рапидно расте и генерира милијарди долари од година на година. Компанијата е во добра позиција или, подобро кажано, „во одлична позиција“, рече Питерс, поправајќи го текстот од телепромптерот. Потоа ја остави публиката со едноставна реченица: „Мора да дадеме сè од себе така и да остане“.
Германските плати растат со најбрзо темпо во повеќе од 10 години
Според една студија, платите приспособени според инфлацијата во Германија ќе напредуваат годинава со најбрза стапка во последната деценија или повеќе.
Колективните договори потпишани помеѓу јануари и јуни укажуваат на скок од 5,6 отсто во 2024 година во целост, објави во вторникот Институтот за економски и социјални науки на фондацијата „Ханс Боеклер“ – познат како ВСИ (WSI). Станува збор за реален пораст од 3,1 отсто, се наведува во соопштението.
Зошто лековите за слабеење станаа хит вреден милијарди долари?
Дебелината е една од најчестите здравствени состојби во светот, но со години медицината има малку ефективни пристапи освен операција. Затоа има толку многу возбуда за новата класа на лекови кои им помагаат на пациентите да изгубат десетици килограми со многу помал ризик – и да генерираат милијарди приходи за компаниите за лекови.
„Оземпик“ на „Ново Нордиск“ стана популарен во Холивуд, а сега и „Ели Лили“ прави сензација со „Зепбаунд“. Следната фаза се лековите за слабеење кои може да се земаат орално наместо да се инјектираат. Некои лекари дури ги препишуваат и како лекови за лекување на водечката причина за неплодност кај жените во САД.
Атина се подготвува за нови шумски пожари поради силните ветрови
Грчките пожарникари се подготвуваат за зголемена брзина на ветерот во вторник попладне, откако делумно го контролираа големиот шумски пожар во предградијата на Атина.
Најголемиот пожар за ова лето избувна во неделата североисточно од главниот град, поттикнат од силниот ветер, високите температури и долготрајната суша. Климатските промени ја зголемуваат заканата од шумските пожари, а Грција ја доживува најлошата сезона во последните две децении.