Царините на Европската Унија во јули го забавија протокот на електрични возила од кинеско производство, бидејќи европските земји се обидуваат да ги заштитат своите производители на автомобили од евтината конкуренција.
Бројот на нови електрични возила регистрирани во ЕУ од кинеските производители на автомобили, како што се БЈД (BYD) и САИЦ (SAIC Motors MG), минатиот месец падна за 45 отсто во однос на јуни, според истражувањето на „Датафорс“ (Dataforce), од каде што собрале резултати од 16 земји членки што ги објавија бројките за јули.
Можеби ваквиот пад е претеран, но производителите на автомобили брзаа да продадат електрични возила кај дилерите пред дополнителните давачки да стапат во сила на 5 јули.
Прочитај повеќе
Помалите производители на електрични батерии во Кина се пред затворање
Хиперпродукцијата, слабата побарувачка и падот на цените создаваат притисок врз производителите
11.08.2024
Кина поднесе жалба до СТО поради европските царини за електрични возила
Властите го претставија случајот пред механизмот за решавање спорови на Светската трговска организација.
09.08.2024
Рекорден удел на Кина во продажбата на е-возила пред воведувањето на санкции од ЕУ
Кинеските брендови зазедоа 11 отсто од европскиот пазар на електрични автомобили во јуни.
30.07.2024
Дали автомобилската револуција ќе ги изеде своите деца?
Автомобилската индустрија направи голема грешка затоа што го следеше Илон Маск во електрификацијата.
12.08.2024
„Видовме голем притисок од кинеските производители“ за празнење на резервите во јуни“, рече Матијас Шмит, независен аналитичар за автомобили.
Привремените царини, кои ги зголемуваат увозните давачки дури на 48 отсто, имаат цел да ја заштитат важната индустрија на ЕУ од кинеските ривали што уживаат структурни предности во клучните области, како што е технологијата на батерии, која има корист од државните субвенции. Политичките тензии остануваат високи, при што Пекинг се закани со одмазднички мерки среде разговорите за решавање на проблемот.
Севкупно, кинеските брендови не заостанаа премногу со пад на продажбата на електрични возила за 36 отсто во 16-те земји следени од „Датафорс“. БМВ (BMW), „Стелантис“ (Stellantis) и „Тесла“ (Tesla) исто така увезуваат електрични возила произведени во Кина, кои подлежат на дополнителни царини од ЕУ. „Порастот во јуни беше помалку изразен за западните компании што беа повнимателни во управувањето со своите резерви“, рече Шмит.
Jулските бројки не сугерираат дека кинеските марки ги ублажиле своите амбиции за проширување во Европа, третиот по големина регионален пазар на автомобили во светот зад Азија и САД. Од почетокот на 2019 година, МГ (MG), БЈД и другите постојано растеа - нивниот удел на пазарот на електрични автомобили во ЕУ беше 8,5 проценти во јули, според „Датафорс“, што е повеќе од оние 7,4 проценти една година порано. Иако електричните возила сè уште се мал дел од севкупниот европски пазар, тие на крајот ќе доминираат бидејќи автомобилите со внатрешно согорување ќе бидат исфрлени од употреба.
БЈД продаде трипати повеќе електрични возила на 16-те пазари во јули отколку една година порано. МГ, дел од кинеската државна САИЦ (SAIC), забележа пад од 20 отсто во јули во однос на претходната година, додека продажбата на „Полстар“ (Polestar) падна за 42 отсто. „Растот на БЈД навистина го ублажува ударот“ за кинеските брендови, рече Џулијан Лицингер, аналитичар во „Датафорс“.
БЈД, најпродаваниот автомобилски бренд во Кина, продолжува со својата експанзија во Европа. Неговото спонзорство на Европското првенство во фудбал во Германија го следеа пет милијарди ТВ-гледачи и сите тие ги видоа нивните реклами. Засега, ценовната стратегија на БЈД во Европа останува непроменета по царините. Компанијата се прошири во Полска на 6 август, сигнализирајќи дека е подготвена да живее со повисоките царини додека гради нова фабрика во Унгарија.
Царините беа наметнати откако истрагата на ЕУ откри дека Пекинг ја субвенционира својата индустрија за електрични возила до степен што им нанесува економска штета на производителите на автомобили во Унијата. МГ е предмет на дополнителна давачка од 37,6 отсто, над постојната стапка од 10 отсто, додека сопственикот на „Волво“ (Volvo), „Гили аутомотив“ (Geely Automobile Holdings), и БЈД ќе плаќаат 19,9 отсто, односно 17,4 отсто повеќе. Царините ќе станат постојани во ноември, доколку не се постигне договор меѓу Брисел и Пекинг.
Дебатата за царините се совпадна со забавувањето на глобалниот раст на електричните возила што изврши притисок врз производителите низ регионите. Креаторите на политиките на ЕУ се обидуваат да ја балансираат заштитата на работните места, со цел постепено укинување на новите автомобили со фосилни горива до 2035 година.
Податоците на „Датафорс“ за јули ги вклучуваат најголемите пазари во ЕУ, како што се Германија, Франција и Италија. Резултатите за сите 27 земји ќе бидат достапни подоцна месецов. Во Германија кинеските марки учествуваа со осум проценти од регистрациите на возила во јули, што е намалување од 13 проценти во јуни, според „Датафорс“. Во Франција падот беше на пет од осум проценти. Во Британија, која не е членка на ЕУ, кинеските брендови се етаблираа.
Европските производители, вклучувајќи ги „Фолксваген“ (Volkswagen) и „Стелантис“ (Stellantis), формираат партнерства за електрични возила со кинеските колеги за да помогнат во намалувањето на трошоците и да останат конкурентни.
Кинеските производители на автомобили исто така ги забрзуваат плановите за склопување електрични возила во Европа. „БЈД може да си дозволи да ги апсорбира царините и поодлучно да пристапи во Европа“, рече Шмит, додавајќи дека недостигот од капацитет за испорака ја забавува неговата пенетрација. „Станува збор за упорност“, посочи Шмит.
„Тие мора да тропнат на вратите во Европа ако сакаат Европа да функционира“.