Ситуацијата со пожарот на Галичица е под контрола и будно се следи. Во текот на вчерашниот ден биле ангажирани 120 пожарникари на линија од десет километри, како и пет воздухоплови - три ертрактори и два полициски хеликоптера, информира денеска раководителот за противпожарна заштита во националниот парк Галичица, Ѓуро Јовчески.
На источниот фронт пожарот е ставен под контрола. Денеска на терен се сто пожарникари. Пожарот е на два километра на територијата на Албанија и таму вчера гаселе авиони.
На северниот дел, кон Охрид, во изминатите два дена се правеле заштитни појаси и таму пожарот е смирен и не се очекуваат проблеми.
Прочитај повеќе
Повеќедневната борба со огнот на маркантната Галичица е без успех
Граѓани и активисти споделуваат стравотни фотографии од огнот, кој се шири најмногу на две локации.
15.08.2024
Армијата ќе се вклучи во гаснењето на пожарите
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова донесе одлука за учество на дел од армијата во справувањето со пожарите.
15.08.2024
Неделен преглед: Републиката во пламен
Вчера попладне во земјава, според веб-страницата на ЦУК, имаше 49 пожари, од нив 12 активни
16.08.2024
Најкритичен дел, како што посочува Јовчески, бил западниот фронт, но и таму состојбата е ставена под контрола, иако има индиции дека повторно може да се појават жаришта. Можно е денеска да бидат ангажирани два воздухоплова за гаснење, едниот во делот кон Преспанско Езеро, а другиот кон Охридско Езеро за да се стави пожарот целосно под контрола и да се ликвидира.
Во изминатите 12 дена, колку што трае пожарот на Галичица, се слушнале стотина детонации од гранати и друга муниција заостанати од Првата светска војна.
Јовчески вели дека пожарот стивнува, односно се очекува позитивен развој и негово целосно гаснење.