Тројца вработени во гимназијата во Сански Мост, на северозападот на Босна и Херцеговина, се убиени во престрелка што се случила денеска изутрина, а осомничениот потоа се обидел да се самоубие пукајќи си во градите, потврди Министерството за внатрешни работи (МВП) на Унско-санскиот кантон.
Како што јави „Независне новине“, М.В., вработен во гимназијата, рано утринава пукал и убил тројца вработени, а според изјавите на очевидци тој влегол вооружен во училиштето и целел на одредени лица.
Според медиумот, тој пукал кон директорот на гимназијата Н.Х., професорката по англиски јазик Г.Н. и кон секретарката Н.К. Како можен мотив се наведуваат несогласувања и суспензија на осомничениот од работа.
Осомничениот во тешка состојба е пренесен во Универзитетскиот клинички центар во Бања Лука.
Во тек е истрага, а училиштето е опколено од полиција. На самото место се собрале голем број професори, јавуваат локалните медиуми.