Во борбата со мајмунските сипаници, во следните шест месеци ќе бидат потребни 135 милиони долари, рече шефот на Светската здравствена организација (СЗО). Тој повика на глобална усогласена акција против новата епидемија
„Дозволете ми да бидам јасен: оваа нова епидемија на мајмунски сипаници може да се контролира и запре“, рече генералниот директор Тедрос Аданом Гебрејесус синоќа во говорот пред земјите-членки на СЗО, кој подоцна беше објавен на социјалната мрежа Х.
„Одговорот на оваа сложена епидемија бара сеопфатен и координиран меѓународен одговор“, нагласи Гебрејесус.