Хипхоп-ѕвездата Шон Диди Комбс (порано познат како Паф Деди) е уапсен од федералните агенти во понеделникот вечер врз основа на запечатено обвинение поднесено од Канцеларијата на американското обвинителство на Менхетн.
„Очекуваме да се префрлиме на претрес на обвинението изутрина и тогаш ќе имаме повеќе да кажеме“, рече американскиот обвинител Демијан Вилијамс во Менхетн.
Марк Агнифило, адвокат на Комбс, во посебна изјава рече дека неговиот клиент е невин и дека со нетрпение очекува да го расчисти своето име.
„Ние сме разочарани од одлуката да продолжиме со она за што веруваме дека е неправедно гонење на г. Комбс“, рече Агнифило. „Тој не е совршена личност, но не е криминалец“.
„Комбс соработуваше со истрагата и доброволно се пресели во Њујорк минатата недела во пресрет на обвиненијата“, рече Агнифило. Комбс ќе биде пред федералниот суд на Менхетн во вторник наутро, откако ќе биде разоткриено обвинението.
Музичкиот магнат неколкупати во текот на годините беше обвинет за сексуална злоупотреба. На почетокот на оваа година Си-ен-ен (CNN) објави видео во кое тој ја напаѓа својата тогашна девојка Кеси Вентура, во инцидент во 2016 година. Комбс се извини.
Прославениот рапер подоцна го разграни бизнисот со линија за облека и други проекти.