Кои компании и деловни сектори во Македонија остваруваат најголема добивка по вработен, а кои најмал ќе можете да прочитате следната недела. Истовремено, откриваме дека дел од македонски фирми чекаат по 400 дена за наплата на побарувањата.
Со оглед на тоа што автоматизацијата влегува на голема врата во македонските компании анализираме дали завршува времето на недостиг од работници. Истражуваме како функционираат хед-хантингот (head-hunting) во Македонија, а како во странство.
Прашуваме што ќе значи одложувањето на декарбонизацијата за 20 години во однос на преземените обврски од зелената агенда. Истражуваме како во Македонија функционира купопродажбата на станови како бизнис, дали се живее од изнајмување повеќе станови и дали има тренд на градење згради на мали парцели односно колку е тоа исплатливо.
Анализираме какви резултати има бизнисот со лизинг во земјава и истражуваме дали и за колку има зголемување на банкарските провизии.