Ураганот Милтон го погоди западниот брег на Флорида во средата вечерта, носејќи екстремно силни ветрови кои кршат дрвја и се закануваат да ги загрозат животите на луѓето. Иако неговата сила опадна до категорија 3 од можни 5, предупредено е дека може да предизвика смртоносни бранови. Повеќе од 2 милионa луѓе во Западна Флорида во моментов се без струја.
Прочитајте повеќе: Ураганот Милтон ја напаѓа Флорида со разорни ветрови и дождови
Акциите во Кина скокнаа во четвртокот откако властите објавија детали за стимулативните мерки. Интересно е што претходниот ден акциите паднаа, иако тогаш веќе беа познати најавените стимулации, но на трговците веројатно им недостасуваа клучни детали за да се формира поширока пазарна слика.
Акциите во Азија пораснаа поради оптимизмот за изградба на глобалната економија, а откако американските акции поставија нов максимум.
НАФТА
Тие добивки, исто така, беа во корист на нафтата, која зајакна, додека трговците го чекаат одговорот на Израел на ракетниот напад на Иран. Американската сурова нафта ВТИ (WTI), според најновите податоци, поскапе за 0,85 отсто на 73,8 долари, а Брент зајакна за 0,80 отсто на над 77 долари за барел.
Индексот за доларот на „Блумберг“ и еврото беа малку променети.
BBDXY:IND
Bloomberg Dollar Spot
1.244,08 USD
-0,3280 -0,03%
почетна цена
1.244,14
претходна цена на затворање
1.244,41
промена од почетокот на годината
2,54516%
дневен опсег
1.243,05 - 1.244,26
опсег на 52 недели
1.206,93 - 1.279,95
ЕКОНОМИЈА
Претседателката на Фед во Сан Франциско, Мери Дејли, изрази очекување дека американската централна банка ќе продолжи да ги намалува каматните стапки оваа година во обид да го заштити пазарот на трудот. Како што истакна таа, до крајот на годинава се можни уште едно или две намалувања на каматите, доколку економијата се развива во очекуваната насока. Истовремено, објавен е и записникот од септемврискиот состанок на Фед, кој покажа дека некои функционери се за намалување на каматните стапки за 25 базични поен.
ПОЛИТИКА
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху разговараше со американскиот претседател Џо Бајден за прв пат по повеќе од еден месец, додека Вашингтон се обидува да ја ублажи одмаздата на Израел за иранскиот ракетен напад. Канцелариите на двајцата лидери го потврдија телефонскиот разговор, а прес-секретарот на Белата куќа Карин Жан-Пјер им рече на новинарите дека повикот бил „директен и продуктивен“.
За потсетување, постојат очекувања дека Израел би можел да ги нападне иранските нафтени или нуклеарни постројки, а САД не ја кријат својата силна поддршка за Израел.
БЕРЗА
Европа
Во продолжение следува преглед на состојбата на глобалните пазари на капитал. Фјучерсите на европските индекси утрово се тргуваат во зелено. Европските берзи вчерашното тргување го завршија со добивки, откако официјален претставник најави дека ЕЦБ најверојатно следната недела ќе ги намали каматните стапки. Инвеститорите сега проценуваат дека има околу 90 отсто шанси за намалување на стапката за 25 базични поени.
САД
Во зелено се тргуваат и американските фјучерси, пред објавувањето на најновите податоци за инфлацијата. Економистите анкетирани од „Блумберг“ очекуваат годишната стапка на инфлација да се забави на 2,3 отсто во септември од 2,5 отсто во август. Забавувањето на инфлацијата, исто така, би ја дефинирало понатамошната политика на Фед кога станува збор за намалување на трошоците за задолжување. Потсетуваме, американскиот индекс S&P 500 во средата достигна нов рекорд, а добивките беа предводени од акциите на технолошките компании.
Сепак, треба да се посвети внимание на најмалку пет ризици кои се закануваат да ги загрозат светските пазари. Изборите во САД се еден од најважните фактори, а покрај тоа и конфликтите на Блискиот Исток, кои упорно ја флуктуираат нафтата, клучна суровина во различни индустрии. Кога станува збор за домашните пазари, тие се недоволно ликвидни, што само по себе е ризик.
Азија
Кога станува збор за акциите во азиско-пацифичкиот регион, тие претежно се тргуваат во зелено, а како што веќе споменавме скок имаше во четвртокот поради најавените стимулативни мерки. Имено, претставниците на кинеската национална комисија за развој и реформи (NDRC) повторија дека ќе ја зголемат потрошувачката, инвестициите и дека економски ќе им помогнат на ранливите категории граѓани и дипломирани студенти.
КОМПАНИИ
На корпоративен план, Амазон ќе го понуди „Епл ТВ+“ (Apple TV+) како дел од својот пакет канали во САД. Мајк Хопкинс, потпретседател на единицата „Амазон прајм видео“ (Amazon Prime Video), вели дека двете компании веќе соработуваат многу и дека „Прајм Видео“ (Prime Video), која има стотици милиони корисници, сега ќе нуди и „Епл ТВ+“.