Очите на светската јавноста следната недела ќе бидат вперени кон претседателските избори во САД. Анкетите покажуваат дека е тесна трката меѓу поранешниот претседател Доналд Трамп и актуелната потпретседателка Камала Харис. Во пресрет на денот на изборите анализираме што може да се очекува на економски и на политички план во случај Трамп по втор пат да биде избран за претседател, а што доколку Камала Харис стане првата жена во историјата што станала претседателка на САД.
Геополитиката носи предизвици и за македонската економија, пред се поради ограничените ресурси со кои располага нашата земја и зависноста од увозот. Мал прекин во синџирот на снабдување или изненадувачка промена на цените на суровините може да имаат сериозни последици врз работењето на домашните компании. Низ конкретен пример на производството на кафетин ќе илустрираме со какви проблеми се соочуваат нашите бизнисмени.
Анализираме каква е состојбата во производството на таканаречениот зелен челик во Македонија и со какви предизвици наскоро ќе се соочи челичната индустрија. Истражуваме какви се најновите трендови на пазарот на недвижности, како врз градежната индустрија влијаат промените на цените на суровините и во која насока се движат цените на недвижностите и кириите.
Со неодамнешната промена на регулативата за платни системи беше овозможено проширување на спектарот на платежни услуги во земјава. Откриваме какви новини носат овие промени и кои се новите играчи на македонскиот пазар.