Богатството на десетте најбогати луѓе во светот се зголеми со дневен рекорд откако Доналд Трамп освои втор претседателски мандат.
Нето-богатството на милијардерите предводени од Илон Маск од „Тесла“ (Tesla Inc.), најбогатиот човек на светот, се зголеми за 63,5 милијарди долари во средата, според индексот на милијардери на „Блумберг“. Само Маск додаде 26,5 милијарди долари на своето конто. Џеф Безос од „Амазон“ (Amazon.com Inc.) и Лери Елисон од „Оркл“ (Oracle Corp.) беа исто така меѓу најголемите добитници. Тоа е највисокото дневно зголемување од почетокот на водењето на индексот на богатството на „Блумберг“ во 2012 година.
Голем дел од придобивките за ултрабогатите се сведува на порастот на акциите во САД, што ги нагласува облозите дека Трамп, по неговото враќање во Белата куќа, ќе спроведе агенда за фаворизирање пониски даноци и помала регулатива. S&P 500 скокна за 2,5 отсто во најдоброто постизборно остварување во историјата, додека американскиот долар исто така порасна.
Прочитај повеќе
Неверојатно враќање на Трамп во Белата куќа
Доналд Трамп е избран за 47. претседател на Соединетите Американски Држави.
06.11.2024
Светските лидери му ја честитаат победата на Трамп, меѓу нив и македонските
Светските лидери му честитаа на Доналд Трамп откако тој прогласи победа на американските избори.
06.11.2024
„Тесла“ расте, облогот на Маск за Трамп жнее награди
Инвеститорите се обложуваат дека производителот на автомобили ќе има главна полза од победата на републиканскиот кандидат.
06.11.2024
Само еден од првите десет најбогати во светот се наоѓа надвор од САД; Бернард Арно, претседател на ЛВМХ (LVMH).
Маск, кој водеше кампања заедно со новоизбраниот претседател, е подготвен да влијае на политиката бидејќи Трамп вети дека ќе му даде официјална улога. Акциите на „Тесла“ во Њујорк се зголемија за 15 отсто во средата, зголемувајќи ги добивките во текот на минатата година на 32 отсто.
Освен Маск, други најголеми добитници се криптомилијардерите. Брајан Армстронг, коосновач и извршен директор на криптоберзата „Коинбејс“ (Coinbase Global Inc), забележа дека неговата нето-вредност се искачи за 30 отсто, на 11 милијарди долари. Чангпенг Жао, основач на „Бајненс“ (Binance), најголемата светска криптоберза, додаде 12,1 милијарди долари по изборите, зголемувајќи ја неговата нето-вредност на 52,7 милијарди долари.