По бурните реакции во јавноста за откажувањето на годинешниот Охридски пливачки маратон, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков во гостување на „Блумберг Адриа ТВ“ најави дека локалната самоуправа ќе направи се што може да се одржи традицијата на одржување на оваа спортска манифестација.
Тој најави дека ќе се контактира со поранешните и потенцијални учесници за да се види дали е можно да учествуваат на маратонот и дека доколку има доволен број, ќе се пристапи кон реализација на финансиската и техничка организација.