Кралот Чарлс Трети официјално е прогласен за монарх на Обединетото Кралство по смртта на кралицата Елизабета Втора. Одлуката беше донесена на првиот состанок на Пристапниот совет во последните 70 години.
Советот, составен од 200 членови од Државниот совет главно од светот на политиката, официјално го призна преземањето на кралскиот престол од страна на Чарлс Трети во палатата Сент Џејмс во Лондон. По традионалната церемонија ќе следува и првиот говор на новиот крал. Дел од свеченоста се и поранешните премиери Борис Џонсон, Тереза Меј, Дејвид Камерон и Џон Мејџор.
По читање на прогласот, членовите на Државниот совет го изговорија традиционалниот благослов „Господ да го штити кралот“ (анг. God save the king), Подоцна во текот на денов ќе се оджи и седница на Парламентот за членовите да може да се заколнат на верност пред новиот крал.
По церемонијата ќе бидат познати и повеќе детали околу погребот на покојната кралица Елизабета Втора, чие владетелство траеше најдолго во историјата на Обединетото Кралство, цели 70 години. Погребот на Кралицата ќе се одржи идниот понеделник, на 19 септември.