Европските власти соопштија дека разбиле криминална мрежа која шверцувала мигранти на континентот превезувајќи ги со приватни авиони од Турција, со лажни дипломатски пасоши.
Официјалните дестинации на патувањата, обично Карибите, никогаш не биле посетувани, соопшти Еуроџаст (Eurojust), агенцијата за судска соработка на ЕУ. За време на застанувањата на различни европски аеродроми, мигрантите го напуштиле авионот, ги фрлиле своите лажни пасоши и барале азил.
Еуроџаст соопшти дека проценува оти се случиле најмалку пет шверцерски операции помеѓу октомври и декември 2020 година. Осомничените шверцери наплаќале дури 20.000 евра по лице за место во авионот.
Полицијата уапси петмина осомничени во Белгија и Италија и заплени два авиона во вторникот, како и 173.000 евра замрзнати во Италија, соопшти агенцијата. Во истрагата учествувале и американските власти.