Билетите за летови во еден правец од Русија до Турција беа распродадени за денеска и во текот на викендот, неколку часа пред да започне делумната мобилизација на руските вооружени сили, која ја најави рускиот претседател, Владимир Путин.
Турција е една од ретките дестинации до која Русите можат да летаат во странство поради западните санкции, заедно со Ерменија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).
Како што пренесе ДПА, летовите од московскиот меѓународен аеродром Внуково до турските Истанбул, Анкара и Анталија се распродадени за следните три до четири дена на веб-страницата на националниот авиопревозник „Туркиш ерлајнс“.
Прочитај повеќе
Путин најави делумна мобилизација во Русија
„Мобилизацијата е итен и неопходен чекор за одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на Русија“, порача рускиот претседател и додаде дека одлуката стапува на сила веднаш.
21.09.2022
Санкциите ги повлекуваат руските милијардери во прегратката на Путин
Тешко е да се одреди колку богати Руси кои живееле во странство се вратиле дома, но изгледите за живот под санкции направија некогаш непривлечниот предлог сега да биде најдобра опција.
09.09.2022
Превозникот ќе го зголеми капацитетот на патници надвор од Русија за четврток и петок, изјавил портпаролот за ДПА.
Се разгледува и воведување дополнителни летови доколку побарувачката продолжи со ова темпо, додал претставникот на „Туркиш ерлајнс“.
Исто така, до сабота се распродадени и билетите на приватната авиокомпанија „Пегасус“ од Москва до Истанбул.
Некои рути со попатни застанувања, вклучително и оние од Москва до Тбилиси, исто така се недостапни, додека најевтините летови од рускиот главнен град до Дубаи чинат повеќе од 300.000 рубли (5.000 долари), околу пет пати повеќе од просечната месечна плата.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша указ со кој нареди делумна мобилизација.
Министерот за одбрана Сергеј Шојгу рече дека ќе бидат повикани 300.000 резервисти. Во Русија има вкупно 25 милиони резервисти.