Руските лидери прогласија победа во серијата исценирани референдуми, осудени од ОН, додека Кремљ се движи кон анексија на голем дел од окупираната украинска територија, по низата неуспеси на бојното поле.
Дмитриј Медведев, заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност, на својот официјален канал на „Телеграм“ во средата во раните утрински часови напиша дека референдумите се завршени. „Резултатите се јасни“, посочи тој. „Добредојдовте дома во Русија“, нагласи Медведев во неговата порака.
Шефот на самонаречената Народна Република Донецк, Денис Пушилин, на „Телеграм“ објави дека во неговиот регион се пребојани сите гласачки ливчиња, при што 99,23 отсто од оние кои гласале се изјасниле за приклучување кон Руската Федерација. Слични резултати се забележани и во регионите Керсон, Запорожје и Луганск, објави државната новинска агенција „Риа Новости“.
Прочитај повеќе
Русите ги разграбаа билетите во еден правец по наредбата за мобилизација
Билетите за летови во еден правец од Русија до Турција беа распродадени за денеска и за викендот, неколку часа пред да започне делумната мобилизација на руските вооружени сили.
21.09.2022
Абрамович се сретнал со саудискиот принц за размена на затвореници
Украинското Министерство за надворешни работи му се заблагодари на принцот Мохамед што одигра „суштинска“ улога во преговорите
23.09.2022
Пекинг: Путин и Си градат поправеден светски поредок
Кина е подготвена да соработува со Русија за да го насочи светскиот поредок „во поправедна и поразумна насока“, изјави висок дипломат од Пекинг.
13.09.2022
Санкциите ги повлекуваат руските милијардери во прегратката на Путин
Тешко е да се одреди колку богати Руси кои живееле во странство се вратиле дома, но изгледите за живот под санкции направија некогаш непривлечниот предлог сега да биде најдобра опција.
09.09.2022
Ваквата објава на Москва означува нова ескалација на војната и ја продлабочува спиралата на конфликт меѓу Русија и САД и нивните сојузници. Претходно, гласачките ливчиња беа осудени како „прекршување на Повелбата на ОН и меѓународното право“ од страна на генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.
Руските трупи целосно не ја контролираат територијата во ниту еден од четирите региони каде што се одржа гласање и во сите се водат борби.
Кремљ нареди гласање откако во изминатиот период неговите сили ги претрпеа едни од најлошите порази од почетокот на инвазијата во февруари. Путин оваа недела повика и на „делумна мобилизација“ за собирање на 300.000 резервисти.
Украинскиот претседател Володомир Зеленски ги отфрли резултатите во изјава во средата на неговата официјална страница на „Фејсбук“. „Ниту едно од криминалните дејствија на Русија нема да промени ништо за Украина“, напиша тој. „Оваа фарса на окупираната територија не може ни да се нарече имитација на референдум“, додаде тој.