Републиканците ја вратија контролата врз Претставничкиот дом, објави синоќа „Гардијан“.
По повеќе од една недела пребројување на гласовите, „Едисон рисрч“ оцени дека републиканците ги освоиле 218-те места што им се потребни за контрола на Претставничкиот дом. Партијата го освои одлучувачкото 218-то место во 27-та конгресна област во Калифорнија.
Британскиот весник наведува дека овој резултат значи оти демократката Ненси Пелоси, како претседателка на Претставничкиот дом, најверојатно ќе му ја предаде власта на републиканецот Кевин Мекарти, кој изјави дека има намера да ја преземе функцијата.
Со ова, демократите ја преземаат контролата и може да го подготвуваат теренот за „пресметка“ со Џо Бајден во следните две години од неговото претседателствување.
Сепак, тесната изборна победа е далеку од „црвениот бран“ на кој се надеваше партијата. Оттаму најавија дека ќе ги испитаат постапките на службениците во администрацијата на Бајден и деловните односи на синот на претседателот, Хантер, со Кина и други земји. На меѓународен план, републиканците може да се обидат да ја намалат американската воена и економска помош за Украина.