Белгиското обвинителство уапси најмалку четворица осомничени, вклучително и еден пратеник, по претресот на повеќе имоти низ Брисел, како дел од, како што ја нарекоа „големата истрага“ за можно поткупување на претставници на Европскиот парламент од неидентификувана земја од Персискиот залив.
Веќе неколку месеци, истражителите на Федералната судска полиција се сомневаат дека една земја од Персискиот залив се обидува да „влијае на економските и политичките одлуки на Европскиот парламент“, објави во петокот белгиското федерално обвинителство. Во врска со истрагата уапсени се Ева Каили, грчка претставничка и потпретседателка на Европскиот парламент, како и Антонио Панцери, поранешен италијански претставник, наведуваат медиумите.
Канцеларијата на Каили не одговори на барањата за коментар. Група социјалисти и демократи во парламентот го суспендираа членството на Каили како одговор на истрагата.
„Ова се прави со плаќање големи суми пари или нудење големи подароци на трети лица со значајна политичка и/или стратешка позиција во Европскиот парламент“, додаваат обвинителите.
Официјалните лица не ја идентификуваа државата за која станува збор, но весникот „Ле Соар“ објави дека тоа е Катар, кој во моментов е домаќин на последната фаза на Светското првенство. Националната амбасада во Брисел не одговори веднаш на барањето за коментар. Портпаролот на Европскиот парламент рече дека институцијата не ги коментира судските постапки, но целосно соработува со националните власти, вклучително и во овој случај.
Официјалните лица велат дека пронашле околу 600.000 евра во готовина и заплениле компјутери и мобилни телефони во 16 претреси во петокот. Белгиската агенција објави дека претресите „се извршени како дел од голема истрага за наводни кривични дела криминална организација, корупција и перење пари“.