Актуелната истрага за наводно подмитување во кое се вмешани застапници на Европскиот парламент е потребно да продолжи со полна сила на законите, изјави денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, додека корупцискиот скандал поврзан со Катар продолжува да се шири.
„Тоа се одразува на веродостојноста на Европа, затоа ни се потребни последици во различни подрачја. Долго не сме виделе нешто вакво“, рече таа во Брисел.
Белгиската сојузна полиција претресе неколку дома и стана на официјални лица и нивни помошници, почнувајќи од петокот со истрагата во која тужителите рекоа дека се вклучени големи износи исплатени пари за да се влијае на одлуката на Европскиот парламент. Катар и Мароко се цитирани во некои од правните документи, според личност упатена во работата. Четворица се обвинети за корупција и перење пари.
Една од уапсените е Ева Каили, грчката застапничка и претседателка на Европскиот парламент, како и Антонио Панцери, поранешен италијански застапник, јавуваат медиумите. Полицијата заплени најмалку 750.000 евра, вклучувајќи и ковчег полн со банкноти од по 50 евра, пишува белгискиот весник „Ле сор“ (Le Soir).
„Грчкото тело за борба против перење пари нареди замрзнување на сиот личен имот на Каили, вклучувајќи недвижности, банкарски сметки и друго, како и имотот на нејзиниот сопруг и на семејството“, информира лице упатено во истрагата. За својата одлука властите веќе ги известија банките и државните тела.
Според белгиските власти, во текот на викендот е претресен и домот на друг член на парламентот.
Истрагата се одвива додека Катар е во центарот на вниманието како домаќин на Светското првенство во фудбал, додворувајќи им се на европските влади што сакаат да го зголемат купувањето на природен гас. Истражителите се сомневаат дека исплатите биле дел од пошироко настојување на Катар за подобрување на неговиот имиџ среде острите критики за третманот на сезонските работници таму и за човековите права.
„Ако се потврди, тоа би значело дека претставници во Европскиот парламент и активисти добивале пари за да замижат пред условите за работниците во Катар. Тоа е срамота и тоа е неприфатливо“, рече претставникот на ЕУ за економија, Паоло Џентолини, во вчерашното гостување на италијанска телевизија, мислејќи на членовите на парламентот.
Катарскиот службеник рече дека владата отфрла каква било поврзаност со обвиненијата за лошо однесување и дека е како било поврзана со неоснованите обвинувања. Службеникот додаде и дека владата во целост се придржува до меѓународните закони и прописи.
Портпаролот на Европскиот парламент рече дека таа институција не ги коментира судските постапки, но во целост соработува со националните власти, вклучувајќи го овој случај. Канцеларијата и застапниците на Каили не одговори на барањата за коментар.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, рече дека вестите за истрагата се многу загрижувачки.
„Секако дека сме многу загрижени поради овие вести“, рече тој денеска пред новинарите.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, рече дека надлежните ги прегледуваат состаноците на претставниците и вишите претставници што би можеле да бидат релевантни за истрагата, па го обнови и својот предлог од март да се формира етичко тело што би ги покривало сите европски институции и би применувало единствени правила.
„Обвинувањата против претседателката на Европскиот парламент се многу сериозни и загрижувачки. Тоа е прашање за довербата на луѓето во нашите институции, а токму таа доверба во нашите институции бара поголеми стандарди, независност и интегритет“, рече Урсула фон дер Лајен.