Италија не откри никакви нови мутации на Ковид-19 кај патниците позитивни на вирусот кои неодамна пристигнаа од Кина, што е олеснување за здравствените власти кои се загрижени за состојбата.
Говорејќи за време на прес-конференција денеска, премиерката Џорџија Мелони рече дека половина од првите тестирани ја покажале варијантата на коронавирусот Омикрон. „Ситуацијата во Италија е под контрола и нема причина за загриженост“, рече Мелони.
Италија секвенционираше примероци од вирусот од патници на два неодамнешни лета од Кина. Околу половина од лицата во авионите биле позитивни, иако повеќето не покажале никакви симптоми.
Прочитај повеќе
Се‘ повеќе земји воведуваат нови ковид-правила за патници од Кина
Тие се загрижени за можно цунами од нови варијатни на ковид
29.12.2022
Милано: 50 отсто од патниците од Кина имаат ковид
Италијанските здравствени власти ќе започнат со тестирања за ковид на сите што пристигнуваат од Кина.
29.12.2022