Маглата го попречува авиосообраќајот на скопскиот аеродром. Според веб - страницата на Меѓународниот аеродорм Скопје, утрово не слетал авионот од Истанбул, а откажани се и доаѓањата од Бремен и Дортмунд.
Голем број македонски патници се заглавени на аеродромот Гокчен во Истанбул. Авионот кој требаше да полета утрово во 9.20, најпрво бил одложен за 11.30.
Патниците кои се јавија во редакцијата на „Блумберг Адрија“ велат дека добиле известување дека одложувањето е „заради густата магла во Скопје“. По ова, летот бил откажан уште два пати. На веб - страницата на скопскиот аеродром стои дека авионот на „Пегасус“ од Истанбул доцни три часа досега.
Патниците ни испратија и фотографии од аердромот во Истанбул каде што чекаат полетување за Скопје.
Скопје е под магла веќе неколку дена заради што повеќе летови биле одложувани во изминатите денови.